1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Три години затвор за осомничениот силувач од Индија

По осум месеци по групното силување на 23-годишната Индијка со смртни последици, младинецот од групата е осуден на 3 години затвор. Пресудата неколкупати беше одлагана, а сега предизвика револт.

Бранителот на тогаш 17-годишниот Индиец истакна дека надлежниот суд не ја потврдил вината на неговиот мандант во сите точки од обвинението. Тој беше обвинет дека заедно со четворица други мажи во декември 2012 година ја киднапирал, силувал и малтретирал до смрт 23-годишната студентка. Обвинетиот ја негираше вината, а пресудата се‘ уште не е правосилна.

На полнолетните извршители им се заканува смртна казна

Судскиот процес поради убиство на останатите полнолетни осомничени е се‘ уште во тек пред Судот по итна постапка, а пресудата се очекува во идните денови или недели. Набљудувачите прогнозираат изрекување смртна казна. Еден друг осомничен за случајот во март беше пронајден обесен во затворската келија, а истрагата за околностите уште е во тек.

Indien Protest Vergewaltigung

Протести против силувањата на жени

Пресудата против најмладиот осомничен за силувањето на младата Индијка четирипати беше одлагана. Адвокатите бараа јасна правна ситуација - дали сите извршители на кривично дело во моментот кога се неполнолетни, под 18 години, автоматски спаѓаат под параграфите на кривичното право за млади. Минатата недела Уставниот суд ја разјасни ситуацијата, па на најмладиот член на групата осомничена за силување му се судеше како на малолетник.

Силувањето на 23-годишната девојка која почина во болница две недели потоа од здобиените повреди, предизвика интерес во цел свет, а во Индија масовни протести против растечкото насилство против жените. Демонстрантите бараа најстроги казни за извршителите на ова злодело, вклучувајќи го и најмладиот, 17-годишен обвинет од групата. Смртна казна во Индија може да биде изречена само на полнолетни лица.