1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Трише: Инфлацијата во еврозоната во наредната деценија ќе биде мала

Претседателот на ЕЦБ во заминување, Жан Клод Трише смета дека во наредната деценија цените на потрошувачката во еврозоната ќе бидат стабилни.

default

Жан Клод Трише

Во наредните десет години, стапката на инфлација во земјите членки на еврозоната ќе биде многу ниска, вели во интервју за германскиот весник „Билд ам Зонтаг“, првиот човек на Европската централна банка во заминување, Жан Клод Трише.

Според актулните очекувања стапката на инфлација би требало да изнесува во просек 1,8 проценти. Со тоа ќе владее стабилност на цените на потрошувачка во еврозоната.

Според Трише меѓутоа сосема поинаку изгледаат прогнозите за финансиската стабилност.

„Владите во Европа направија големи грешки со тоа што не се придржуваа кон Пактот за стабилност и развој на еврозоната“, изјави Трише за „Билд ам Зонтаг“.

По осум години Жан Клод Трише во понеделник и официјално ја напушта функцијата претседател на ЕЦБ. Негов наследник ќе биде 64 годишниот Италијанец, Марио Драги.

Автор: СН/ АТ/ афп/ дпа/ дапд

Редактор: Александра Трајковска