1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Триумф на француските социјалисти

Француските социјалисти освоија апсолутно мнозинство на вчерашниот (17.06) втор круг од парламентарните избори. Конзервативната УМП на Никола Саркози доживеа пораз.

Социјалистите, заедно со своите сојузници, освоија најмалку 315 од вкупно 577 пратенички места. Досегашната владејачка УМП на поранешниот претседател Никола Саркози со сојузниците стигна до 212 пратенички места.

Десноекстремскиот Национален фронт за првпат по 1998 година ќе биде претставен со двајца пратеници во парламентот.

Францускиот претседател Франсоа Оланд со тоа ќе биде првиот социјалистички шеф на државата кој ќе може да располага со мнозинство во двата дома на парламентот, Сенатот и Националното Собрание.

Во моментов и 21 од 22 француски региони се во рацете на левицата, освен Алзас кој традиционално гласа за десницата.

Претседателот Франсоа Холанд сега ќе може да ги спроведе своите реформи, а ќе располага и со мнозинство во Конгресот (заедничко заседание на Националното Собрание и Сенатот), што ќе му дозволи да го промени и францускиот Устав.

Според првите резултати, во новоиот состав на Француското национално собрание нема да влезат Сеголен Ројал, која беше поразена во Ла Рошел од еден друг социјалист – дисидент, ниту пак претседателката на Националниот Фронт, Марин Ле Пен, а меѓу поразените кандидати е и лидерот на центарот, Франсоа Бајру.