1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Триумф на македонските и германските ракометарки

Со победата на македонската репрезентација врз Хрватска, Македонија е поблиску до пласман во второто коло од натпреварите. Германија си обезбеди виза.

default

Успешен настап на германската репрезентација на ЕП во ракомет

Македонскатата репрезентација ја победи Хрватска со 31:29. Иако Хрватките први дојдоа во предност од 1:0, македонските репрезентативки вратија во иста мера и набрзо го преземаа водството. Предноста од неколку гола потоа ја задржаа до крајот на натпреварот. Меѓу најефикасните на натпреварот беше македонската репрезентативка Портјанко, која беше казнета во 51. минута со црвен картон и беше исклучена до крајот на натпреварот. Македонскиот селектор, Владимир Глигоров за Дојче Веле изјави дека неговите избранички играле храбро и успеале да ги реализираат поставените цели. „Оваа победа значи многу за наредниот натпревар против Србија. Очекувам дека ќе настапиме уште помотивирано и со поголема желба за победа, која на крај ќе ја оствариме“, рече Глигоров.

Германија оди во второто коло

Мечот меѓу Германија и Србија беше драматичен, па сепак германските ракометарки успеаја да ја совладаат српската репрезентација со 32:31. Иако Србинките водеа, победничкиот гол Германките го дадоа на само двасетина секунди пред завршувањето на мечот. Оваа победа им обезбеди пласман во второто коло на превенството.

Денеска, на четвртиот ден од европското првенство во Скопје се играат натпревари од групата А. Се среќаваат Романија-Франција , и Данска-Украина. Во Охрид силите ќе ги одмерат репрезентациите од групата Б. Двојките се Шпанија-Португалија, и Украина-Норвешка.

Утрешните мечеви меѓу Германија и Хрватска и Македонија и Србија ќе го формираат конечниот изглед на табелата во групата Д. Во следното коло одат првите три репрезентации од групата.


Аудио и видео прилози на оваа тема