1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Триумф на латиноамериканското кино

Покрај „златната мечка“ за „Млеко на страдањето“ на перуанската режисерка Клаудија Љоса, дури три награди однесе дебито на аргентинскиот режисер Адријан Биниез, „Гигант“.

default

Најголемото изненадување на Берлиналето: „тивкиот гигант“Адријан Биниез

Берлиналето и годинава го потврди својот карактер - наградите да ги добиваат политички ангажирани филмови. Клаудија Љоса, инаку внука на писателот Марио Варгас Љоса, во “Ла тета асустада” ги филмува големите страдања на перуанскиот народ во времето од 1980 до 2000 - децениите на убиства, насилства, прогонувања, силувања.

Berlinale 2009 Goldener Bär für den besten Film, La teta asustada - Milk of Sorrow, Claudia Llosa

Режисерката Клудија Љоса

Тоа е приказна за младата девојка Фауста и за болеста, која на своите чеда преку млекото им ја пренесуваат сите жени, кои доживеале тортура и стравови.

Режисерката Клаудија Љоса „златната мечка“ на Берлиналето и’ ја посвети на својата земја, а актерката Магаи Солиер, која го носи филмот преку ликот на Фауста, младата жена која бара ослободување од наследените болки, пред публиката на гала вечерта испеа и една песна.

Гигант - почетник

Во центарот на вниманието при доделувањето на наградите на 59-то Берлинале, меѓутоа, уште повеќе се најде дебитантот, аргентинскиот режисер Адријан Биниез, кој за остварувањето „Гигант“ доби дури три награди. Првата е за најдобро дебитантско дело, втората е за нови перспективи во филмската уметност, што ја дели со искусниот Аджеј Вајда, а третата е големата награда на жирито, која „Гигант“ ја дели со германската продукција „Сите други“. Со овој „трилинг“ на Аргентинецот Биниез, беше заокружен колективниот триумф на латинскоамериканската филмска продукција во Берлин.

А „сребрените ме чки“?

Многу фаворизираната “Бура”, сторијата за Балканот и Трибуналот во Хаг на германскиот режисер Ханс Кристихан Шмит, остана без одличја. Истата судбина ја имаше не помалку фаворизираниот “Лондон ривер” на Рашид Бухареб. Сепак, „сребрената мечка“ за најдобрата машка улога на Осман во драмата за атентатите во Лондон отиде во рацете на 72-годишниот актер Сотиги Коујате. Сребрената мечка за најдобра женска улога ја доби австриската актерка Биргит Минихмајр за извонредната Гити во “Сите други” на Марен Аде.

Berlinale 2009 Silberner Bär für die beste Darstellerin Birgit Minichmayr im Film Alle Anderen

Австриската актерка Биргит Минихмајр

Истиот филм “Сите други” рамноправно ја подели и големата гран-при сребрена мечка на жирито со уругвајскиот филм “”Гиганте” на Адриан Биниез, кој едновремено ја доби и наградата за најдобар филм-првенец. „Сребрената мечка“ за најдобра режија му припадна на Асгар Фаргади за иранскиот филм “ Се’ за Ели”.

На крајот билансот покажа уште еднаш дека Берлиналето е фестивал за публиката. Во текот на десетте дена на 1.200 проекции на 383 филма присуствуваа 270.000 посетители. Филмови имаше за сечиј вкус и од сите континенти. Од Македонија само еден на филмскиот маркет “Плати и жени”.Останува да се надеваме дека в година ќе биде подобро!