1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Триумф на Германија, Македонија поразена

Македонската фудбалска репрезентација со синоќешниот пораз од Хрватска со 2:1 речиси ги загуби сите надежи за евентуален пласман во бараж натпреварот за учество на ЕП во Австрија и Швајцарија во 2008. Германија по победата против Чешка е чекор поблиску

default

Македонската репрезентација пропушти одлична можност од гостувањето во Загреб да се врати со поволен резултат. Гоце Седлоски го постигна водечкиот гол за Македонија што беше и резултат со кој се замина на полувремето. Хрватска во вториот дел ја презеде иницијативата која вроди со плод во 58 минута кога преку Дарио Срна го израмнија резултатот. Клучна беше 69 минута кога беше исклучен Седлоски. Македонија се затвори но не издржа до крај. Едуардо да Силва во 88 минута и ги донесе посакуваните три бода на Хрватска.

Хрватска со 13 бодови сега е прва во групата Е, пред Русија која по победата на гостуи против Естонија е втора со два бда помалку. Македонија е на 5 место со седум бодови од 6 одиграни натпревари.

Голем чекор кон обезедување пласман на ЕП направи Германија која синоќа на гости ја совлада Чешка со 2:1. Двоен стрелец за германците беше повратникот во репрезентацијата Кевин Курањи. Единствениот гол за Чешка го постигна Милан Барош. Германија со 13 бодови е прва во групата Д, пред Чешка која има 10 бодови.

Од останатите дуели интересно беше во Атина, каде Турција ја совлада Грција со 4:1. Србија со пораз од 2:1 се враќа од гостувањето во Казахстан. Португалија ја декласира Белгија со убедливи 4:0.