1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Триумфални настапи на Баерн и Вердер

Баерн убедлив во секој поглед, прашањето за титулата е практично решено, но се’ друго останува отворено.Tоa ветува возбудлива завршница во преостанатите шест кола од првенството на фудбалската Бундеслига. Тренерот на Шал

default

Од натпреварот на Баерн со Борусија

Со 10 бодови предност и со таков играчки кадар би била сензација Баерн да не стане првак. Уште повеќе по она што го покажа против Борусија Дортмунд: од петте голови, четири беа постигнати во првото полувреме, три од нив во првите 17 минути. Навивачите веќе ја слават титулата, а тренерот Отмар Хицфелд и натаму предупредува: „Знаеме дека одигравме добар натпревар, но мораме да внимаваме, оти победата од 5 спрема 0 може да донесе одредена вообразеност. Морам да гледам да одиме максимално концентрирани во наредните средби“.

На слична претстава присуствуваа и навивачите на Вердер, кој во Бремен го совлада директниот конкурент Шалке со 5 спрема 1. „Се движиме во вистинска насока. Мора да се погрижиме да продолжиме по истиов пат и повторно да бидеме силни како порано“ - вели Томас Шаф, тренер на Вердер.


Катастрофата во Бремен ја прелеа чашата - отказ за Сломка


Колегата на Шаф од противничкиот табор Мирко Сломка во прв момент уште не знаеше какви консеквенции ќе донесе високиот пораз: „Прилично груба шлаканица за нас. Како тренер на Шалке досега не сум доживеал да примиме повеќе од два гола. Мора да му се упатат срдечни честитки на Вердер, тоа беше извонредна партија“. За Сломка овој прв тежок пораз е и последен со екипата на Шалке - тој доби отказ, иако Шалке под негово раководство за прв пат во клупската историја стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Играчот Џермен Џонс прокоментира: „Во прв момент мислевме дека и натаму ќе соработуваме со него, ми се чини дека никој не мислеше оти работите ќе одат толку брзо. Тажно е, оти тој можеби не заслужи таков крај“. Сломка привремено ќе го наследи двојката Бискенс - Мулдер. Некогашниот холандски репрезентативец и играч на Шалке Јури Мулдер веќе утре ќе седи на тренерската кулпа на прволигашкиот натпревар против Енерги Котбус. „Во олку кратко време не можам многу нешто да променам. Не може ни да се бара одеднаш да бидеме многу подобри“, вели Мулдер.

Инаку, како кандидат за тренер на Шалке се спомнува Холанѓанецот Фред Рутен, сегашен тренер на тамошниот прволигаш Твенте.


Од 2-ро до 8-мо место е се’ можно во преостанатите 6 кола


Второто дерби на 28-то коло донесе исто така убедлива победа на домаќинот: Баер од Леверкузен го испрати Штутгарт со три голови во мрежата, иако според текот на средбата не беше толку доминантен, како што признава и тренерот Михаел Скибе: „Натпреварот беше поделен, ние во никој случај не можевме да извршиме голем притисок. Во второто полувреме игравме сигурно, делумно и добро комбиниравме, имавме неколку добри шанси за гол и на крајот заслужено победивме“.

Хамбургер дома беше непријатно изненаден од кандидатот за преселба во втората лига Дуизбург, кој победи со 1 спрема 0. „Сами си направивме проблеми со црвените картони. Но, ова сепак не е драма, утре сонцето пак ќе изгрее“, невообичаено помирливо реагира тренерот Хуб Стевенс.

Во врвот на табелата, на 10 бодови далеку зад водечкиот Баерн, Вердер е втор со 50 бодови, Шалке трет со 48, Баер Леверкузен и Хамбургер имаат по 47, Штутгарт на шестото место 45 бодови. „Мислам дека од второто до осмото место се’ уште е се’ можно за сите екипи. Ние не се предаваме. Се обидуваме сепак да го престигнеме Баер Леверкузен и за тоа имаме уште шест кола“, вели Армин Фе, тренер на се’ уште актуелниот шампион Штутгарт, чија цел во моментов, очигледно, е да обезбеди учество во Купот на УЕФА. На седмо место е Волфсбург со 43 бодови и натпревар помалку, осми Ајнтрахт Франкфурт со 42.


Прв прекин на натпревар по цели 32 години


Средбата Нирнберг - Волфсбург беше прекината поради невозможните услови за игра на теренот преплавен со вода. Во моментот на прекинот, на крајот од првото полувреме, Нирнберг водеше со 1 спрема 0, но натпреварот ќе биде преигран од почеток. Ова е вкупно шести прекин во 45-годишната историја на Бундеслигата, прв по цели 32 години.

Ајнтрахт, пак, е поразен на гостувањето во Хановер со 2 спрема 1, иако прв постигна гол. Мирни крајот на првенството можат да го очекуваат Карлсруер на 9-тото место со 38 бодови, колку што има и Хановер. Бохум на 11-тото и Борусија Дортмунд на 12-тото место имаат по 34, Херта 33.


Последните пет екипи се во грчевите борба за опстанок


Тука големи бодови освои Ханза со победата на гости кај Карлсруер со 2 спрема 1. „Во второто полувреме игравме значително подобро, па мислам и дека ја заслуживме победата. Се надевам дека екипата овој натпревар ќе го земе како мерило за себе“ - изјави тренерот на Ханза Франк Пагелсдорф.

Еден гол за три големи бодови - во директниот дуел на загрозените Енерги во Котбус ја совлада Арминија Билефелд со 1 спрема 0. Енерги сега има 29 бодови, Ханза 27, Дуизбург и Арминија по 25, Нирнберг 23 и натпревар помалку.

►◄