1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Триста загинати во земјотресот во Чиле

Илјадници жители на Чиле ноќта ја поминаа под отворено небо, од страв од нов земјотрес. Во меѓувреме, властите говорат за триста загинати, а голем број лица се водат за исчезнати. Два милиони жители останаа без домовите.

default

Епицентарот на земјотресот беше регистриран на околу 115 километри од брегот на вториот по големина град во Чиле, Консепсион. Таму и во околниот регион се урнаа цели згради и мостови, станбените блокови се тешко оштетени, улиците и автопатите се распукани, а цели населби цел ден останаа без струја и вода.

Педесет пати посилен земјотрес од оној на Хаити

Според податоците од геолозите, земјотресот со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала бил педесет пати

Chile Erdbeben Februar 2010

посилен од оној, кој пред шест недели го погоди Хаити. Сепак, начинот на кој се изградени градбите во Чиле придонесе да биде избегната катастрофа, како онаа на Хаити. „Најважното е што поголемиот број жители го преживејаа земјотресот, бидејќи беше навистина силен“, вели еден жител на Чиле. - „Сите сме надвор, на улица, се` е расфрлано, уништено, цевките за вода се испукани, се` е искршено, се`“ - вели една жена.

На некои места болниците беа целосно евакуирани, а меѓународниот аеродром во Сантијаго ќе остане затворен најмалку уште денеска, поради штети на инфраструктурата. Секаде низ погодениот регион се распоредени екипи за помош на настраданите: „Земјотресот беше доста силен и сега се обидуваме да ги згрижиме погодените лица. Даваме се` од себе, ја постигнавме нашата цел и многу сме задоволни.“

Претседателката на Чиле Мишел Бачелет и целата нејзина влада скоро целиот ден го поминаа на лице место. Бачелет објави дека состојбата е катастрофална во шест области во земјата. На овој начин им се овозможува на властите брзо реагирање во областите погодени од земјотресот, истакна Бачелет.

Одбегнато големо цунами

Tsunami Warnung Pazifik

Предупредување од цунами во Тихиот океан

Како резултат на земјотресот беа издадени предупредувања од цунами во повеќе земји од Тихиот охеан, за среќа најлошото беше избегнато.

Бранови во висина од еден метар го погодија брегот на Јапонија, а како мерка на претпазливост повеќе од седумдесет илјади лица беа евакуирани од крајбрежјето. Последиците од земјотресот се почувствуваа и во рускиот регион Камчатка, каде беа забележани бранови во висина од осумдесет сантиметри. Предупредување од цунами беше издадено и за американскиот остров Хаваи, меѓутоа брановите и таму не предизвикаа позначајни штети. Помали бранови ги погодија и бреговите на пацифичката држава Тонга, како и делови на Австралија.

Автор: Готфрид Штајн/Рајлф Зина/Трајче Тосев

Редактор: Александра Трајковска