1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тринаесет години од бомбардирањето на НАТО врз Србија

Денеска (24.03) се навршуваат 13 години од почетокот на воздушните напади на НАТО во тогашната СР Југославија, што траеја 11 седмици во кои, според различни проценки, загинаа меѓу 1.200 и 2.500 луѓе.

Нападите врз Југославија почнаа на 24 март 1999 година, врз основа на наредбата на тогашниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, а југословенската влада таа ноќ прогласи воена состојба. Во бомбардирањето кое траеше 78 дена тешко беа оштетени инфраструктурата, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата.

Акцијата што тогашната влада на СРЈ, но и многу странски експерти за меѓународно право ја нарекоа агресија, следеше по неуспешните преговори за решавање на Косовската криза во Рамбује и во Париз, водени во февруари и март 1999 година. За материјалната штета што и’ е нанесена на тогашната држава во текот на бомбардирањата, се изнесуваат различни процени. Тогашните власти во Белград проценија дека штетата изнесува околу стотина милијарди долари и побараа надомест од земјите членки на Алијансата. Групата економисти Г17 ја процени штетата на 29,6 милијарди долари.

Flash-Galerie Belgrad Nato Bombardement

Белград по напад на НАТО на 18.04.1999 година (архива)

Бомбардирањето на Југославија заврши на 10-ти јуни 1999 година, со усвојувањето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации. Ден претходно во Куманово претставници на Војската на Југославија и на НАТО потпишаа т.н. Воено-технички договор со кој беше прецизирано повлекувањето на силите на Војската на Југославија од Косово и влегувањето на меѓународните сили во тогашната српска покраина. Во составот на меѓународните сили КФОР на Косово дојдоа 37.200 војници од 36 земји, од кои 30 илјади од земјите членки на НАТО. Во меѓувреме, бројот на овие сили е намален на околу шест илјади припадници.

Според податоците на УНХЦР, Косово од доаѓањето на мировните сили го напуштиле околу 230 илјади Срби, а се вратиле околу 800 илјади претходно избегани Албанци, најмногу од територијата на Македонија. Во многубројните инциденти од тој период, убиени се околу 500 лица, ранети се повеќе десетици, а според албански извори грабнати се 200 луѓе. Според српските извори, пак, од почетокот на НАТО интервенцијата во СРЈ, киднапирани се околу 1.500 неалбанци.

Поврзана содржина