1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Триесетти роденден на „Браќа Манаки“

Најстариот фестивал на светот кој го вреднува авторскиот придонес на директорите на фотографија, триесет години го зголемува културниот кредит на македонската кинематографија и на градот Битола.

default

Битола

Со осумдесет филмови, дваесет кусометражни од македонската кинематографија, тркалезни маси, музички матинеа, многу познати имиња од светската кинeмaтографија и овојпат само во Битола, од 26 септември до 3 октомври ќе биде одржан триесетиот јубилеен интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Негувајќи го култот кон филмските автори и уметнички вредности на филмот овој фестивал стана еден од клучните настани во македонската култура, а со тоа и Битола која деновиве живее за фестивалот ја доближи до светските филмски градови. „Останав верен на својот народ и на мојата убава Битола, а најверен на мојата камера, која не знаеше за никакви претворања,“ ќе изјави Милтон Манаки, едниот од браќата, први сниматели на Балканот, со чија креативна работа ќе започне и историјата на македонската кинематографија.

Во чест на делото на браќата Манаки

Со својата камера 300, ќе ги овековечат значајните историски настани не само во Битола туку и во повеќе балкански земји. Како значајни документарни сведоштва ќе останат посетата на султанот Мехмед Рашид, посетата на принцот Александар, празнувањето на Водици, но и фотографии од младотурската револуција, Првата светска војна, крајот на на Втората светска

Luis Llosa Dreharbeiten La Fiesta del Chivo in Santo Domingo

Човекот зад филмската камера во фокусот на „Браќа Манаки“

војна. За својата работа ќе добијат и титула дворски фотографи на неговото височество, кралот Карл Први.

Во својата фотографија и снимки ќе ја внесе и својата душа. Еве како на него се сеќаваат постарите битолчани, кои Милтон Манаки го гледале по корзото на градот на конзулите. „Милтон беше човек кој се движеше во една средина, која ние како млади луѓе можеби не ја разбиравме. Секогаш беше облечен со костум, со бела вратоврска, што би рекле ’а ла франга’, и по тоа оставаше препoзнатлив белег. Фотографијата за него беше живот, нејзе тој и даваше душа, бидејќи треба да се има сенс документарното да се претвори во нешто што е повеќе од тоа“.

Впечатокот кој на Перо Атанасоски, го оставил Милтон Манаки, но уште повеќе неговото дело и она што го направил за Битола, ќе биде повод, пред триесет години тој да го формира иницијативниот одбор за востановување на фестивалот.

На почетокот наменет само на филмските остварувања за просторите од поранешна Југославија, подоцна фестивалот ќе добие интернационален карактер, а со тоа ќе стане и позначаен за македонската кинематографија, истакнува Дарко Марковиќ, кој од 1996 до 1998 беше претседател на фестивалскиот совет. „Убавината на фестивалот му даваше и тоа што ние носевме секоја година и наши автори. Но, исто така доаѓаа и странски автори, новинари со кои ние комунициравме, а тие своите искуства ги пренесува кај нас во Македонија“.

Голем придонес за македонската кинематографија

Szene aus 'Slumdog Millionaire'

Сцена од оскаровецот „Сиромашниот милионер“

За овие триесет години, фестивалот Браќа Манаки донесе богатство од филмски содржини, имиња и настани вели, Делчо Михајлов, кој четири години од 1996 до 2000 година беше директор на фестивалот. „Донесе големи имиња од светот, безброј воркшопови, на кои големите филмаџии ги пренесуваа своите искуства на младите филмски работници, а фестивалот е значаен не само за младите туку и за придонесот, кој го направи во македонската кинематографија. Свен Никвист, трократниот добитник на оскар за камера и директор на фотографија на сите бергманови филмови, Јиржи Менсел, со неговиот оскаровец ’Строго контролирани возови’, но и Мајкл Јорк се само неколку имиња кои и со своето присуство, но и со она што го донесоа дадоа придонес за фестивалот но и за публиката“, вели Михајлов.

Триесеттото јубилејно издание на Милтон Манаки започнува со оскаровецот, „Сиромашниот милионер“, а ќе бидат прикажани осумдест други филмски остварувања, а се очекува присуство на седумдесет звучни имиња на светската кинематографија, поканети се директори на седум европски филмски фондови и фестивали, големиот кинемтагораф Антони Дод Ментл, русклиот кинематограф Јури Клименко, и белгискиот Дени Елсен како и дикректорот на Европската филмска академија Мерион Доинг.

На крајот на фестивалот, Златна камера 300 за животно дело ќе им биде доделена на британските кинематографи Били Вилијамс и Питер Сушитски.

Автор: Златка Пурковиќ

Редактор: Александра Трајковска