1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Тригодишна затворска казна за Вранишковски

Расчинетиот владика на МПЦ ОА, Јован Вранишковски, е осуден на три години затввор, а другите негови 18 роднини и приврзаници добија условни казни од 2 години, доколку во рок од пет години не направат друго кривично дело.

Кривичниот суд во Скопје го укина и притворот за Вранишковски за ова дело, но тој веќе се наоѓа во затвор за друго дело, односно осуден е за затајување на 250.000 евра од МПЦ, а актуелното обвинение го сомничи дека парите ги делел на свои приврзаници, кои ги донирале во здружението, а потоа купувале имоти.

Се товарат за перење на пари преку здружението „Анастасија" од Нижеполе. Вранишковски од затворот во Шуто Оризари ќе биде префрлен во Идризово на издржување на новата казна.

Вранишковски во исказот пред судот изјави дека е кривично гонет поради единството со Српската Православна Црква (СПЦ) и почитувањето на Нишкиот договор. Архиепископот на нерегистрираната Православна Охридска Архиепископија рече дека Нишкиот договор во 2002 година го потпишале тројца епископи од МПЦ, а Вранишкоски го спровел истиот договор преку формирање автономна православна архиепископија.

Пресудата за  овој случај наречен „Расколник“, припадникот Православната охридска архиепископија, црква којашто во Македонија не е призната Давид Нинов ја означи како политичка пресуда којашто е однапред донесена. Претходно Нинов во судницата додека судијата одлучуваше за приговор на одбраната ги критикуваше присутните новинари за нетранспарентност и неотвореност во врска со прашањето на Православната Охридска Архиепископија.