1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Трет круг од предвремените избори во Македонија

Предвремените избори во Македонија завршија. По делумно прегласување во првата и шестата изборна единица на 29.06.2008 се комплетираше парламентарниот состав во Македонија. ДУИ прогласи победа.

default

Предвремени парламентарни избори

Третото прегласување на предвремените парламентарни избори се спроведе на 15 гласачки места во првата и шестата изборна единица во Македонија. Државната изборна комисија соопшти дека на прегласувањето излегле 41,30 отсто од граѓаните со право на глас.

Според Државната изборна комисија конечниот распоред во Собранието на Македонија, е следниов, ВМРО-ДПМНЕ има 63 пратенички мандати, Коалицијата „Сонце“ 27, ДУИ 18, ДПА 11 и ПЕИ едно пратеничко место.