1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Трето финале за Шпанија во четири години

Фудбалската репрезентација на Шпанија се пласираше во финалето на Европското првенство по елиминацијата на Португалија со подобро изведување на пенали.

Натпреварот по регуларните 90 минути и продолжетоците заврши без голови, а актуелниот европски и сведски првак по пеналите победи со 4:2. Шпанските играчи имаа иницијатива во поголемиот дел од играта, но без посериозна шанса. Португалците во финишот на натпреварот преку Кристијано Роналдо имаа шанса, но тој шутираше лошо. Во продолжението и Шпанија преку Иниеста пропушти шанса за победа, па следуваа пеналите.

За актуелниот шампион пенал серијата не почна најдобро, откако во првата серија ударот на Чаби Алонсо португалскиот голман Руи Патрицио го одбрани, но и Икер Касиљас беше сигурен и го скроти ударот на Жоао Мутињо. Иниеста беше сигурен за 1:0, а потоа изедначи Пепе. Пике донесе водство за Шпанија од 2:1, а Нани ја продолжи неизвесноста откако го совлада Касиљас. Серхио Рамос ја продолжи серијата голови за Шпанија, но Бруно Алвеш биеше само со пречката. Во последната серија Цеск Фабрегас беше прецизен за 4:2 и победа на Шпанија, а тоа значеше дека нема потреба Кристијано Роналдо да шутира.

UEFA EURO 2012 Halbfinale Portugal vs Spanien TRAUER

Тага во португалскиот тим

Селекторот на шпанската репрезентација Винсенте Дел Боске изјави дека неговите фудбалери вложиле голем напор и дека е горд на нив. Селекторот на Португалија Пауло Бенто, пак, рече дека на неговата репрезентација и недостасувала среќа, бидејќи неговиот тим имал повеќе шанси за победа во текот на мечот.

За Шпанија ова ќе биде трето финале во последните четири години и ја продолжија традицијата да немаат пораз во полуфинален натпревар. Вечерва во Варшара на „Националниот Стадион“ за место во финалето ќе се борат Германија и Италија. Германија која има четири победи на шампионатот од четири натпревари, нема победа против Италија повеќе од 17 години.