1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Трето олимписко злато за Хефл-Риш

Германската скијачка Марија Хефл-Риш по Ванкувер 2010. година повторно е олимписка победничка во алпска суперкомбинација. Таа го освои вториот златен медал за Германија на ЗОИ во Сочи.

Германката Марија Хефл-Риш, го освои златниот медал во суперкомбинација на Зимските олимписки игри во Сочи. Хефл-Риш, со оваа победа влезе во одбраното друштво на олимпијки кои имаат најмалку три златни медали во колекцијата. Германката пред четири години, во Ванкувер, победи во слалом и во комбинација.

Хефл-Риш, по првата трка во спуст беше на петтото место, но во слалом лесно се справи со конкуренцијата и со вкупно време од 2:34.62 минути се искачи на највисокото скалило на пиедесталот.

Успешна трка во слалом имаше и Австријката Никол Хосп, која го освои сребрениот медал. Хосп по трката во спуст беше на осмата позиција, но одличната слаломска трка и го донесе второто место и сребрениот медал. Во целта таа имаше за 40 стотинки послабо време од победничката Хефл-Риш.

Хос, во Сочи, го освои второто олимписко сребро во кариерата, во Торино во 2006 година таа беше втора во слалом.

Бронзата и припадна на Американката Џулија Манкузо, која по првата трка во спуст, го имаше најдобриот резултат. Манкузо слаломот го заврши на 13-то место, а вкупното време од 2:35.15 минути беше доволно за третото место.

Манкузо во колекцијата, од претходно, имаше три олимписки медали: златен медал во велеслалом во Торино 2006 година, односно сребрени медали во спуст и комбинација во Ванкувер во 2010 година.

Инаку златниот медал на Хефл-Риш е втор за германсккиот олимписки тим во Сочи. Првиот го освои Феликс Лох во санкање.