1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Третман наместо затвор

Американскиот претседател Барак Обама има нова стратегија во борбата против зависностите, која акцент става врз превенција и терапија, а со која бројот на корисници на дрога, до 2015, треба да се намали за 15 проценти.

default

18-годишната Мелиса успеа: зависноста од дрогата за неа веќе е минато, барем така се надева. Веќе еденипол месец Мелиса е „чиста“, по повеќегодишна зависност од лекови за кои е задолжителен лекарски рецепт: „Одвикнувањето беше навистина страшно, пред да настапи подобрувањето, постои влошување“, раскажува Мелиса за телевизијата СиЕнЕн.

Но, таа ја имаше помошта која и‘ беше потребна: Мелиса се наоѓаше на стационарно лекување и користеше психолошки совети. Ефикасен третман на зависниците од дрога и превенцијата се двата најважни столба на новата американска стратегија во борбата против дрогата.

Kriminalität: Handschellen und die Dienstwaffe eines Polizisten

Апсењата нема да го решат проблемот, оценува американскиот ополномоштеник за прашања на дрогата, Џил Керликовске

Американскиот ополномоштеник за прашања на дрогата Џил Керликовске вели: „Зголемениот број апсења нема да го решат нашиот проблем.“

Владата на американскиот претседател Барак Обама планира воведување превенција, отворање поголем број станици за зависниците од дрога и меѓународна соработка со земјите кои произведуваат дрога или преку која таа се шверцува. За корисниците на дрога во САД во иднина треба да важи: почесто третман отколку затвор. Притоа, во прашање се и пари, вели Керликовске: „Затворањето на зависниците од дрога е многу скапо. За половината од парите кои се употребуваат за сместување во затвор, можат да се обезбедат добри методи на третман, кои овозможуваат корисниците на дрога да не претставуваат никаква опасност за општеството.“

Целите се сега пореални, а со тоа и подостижни

Се проценува дека во САД има 24 милиони луѓе кои се зависни од опасните опојни средства. Овој број, во следните пет години, треба да се намали за 15 проценти, исто како и бројот на смртни случаи поради користење дрога, кој во последните години бележи драматичен

Drogen, Kokain

Се проценува дека во САД 24 милиони луѓе се зависни од опојни средства

пораст. Поставените цели се значително пониски од оние кои важеа за време на владите на претходниците на американскиот претседател Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон. Но, аналитичарите велат дека тие се пореални и со тоа и подостижни.

Експертите за дрога во секој случај се скептични околу тоа - дали во ангажманот на владата навистина нешто ќе се промени. Зашто, во буџетот за борба против дрогата и натаму се предвидени двојно повеќе пари за кривично гонење, отколку за програмите за помош на зависниците. Критичарите го поставуваат прашањето - колку сериозно всушност претседателот Обама го сфаќа проблемот, којшто еден од неговите претходници, Ричард Никсон, порано го оцени како „државен непријател број еден“. Обама не можеше да најде слободен термин за лично да ја претстави новата стратегија за борба против дрогата. Тоа го направи неговиот ополномоштеник и тоа пред странските новинари, што во Вашингтон се толкува како некој вид пониско ниво на контакт со јавноста.

Автор: Сабине Милер / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска