1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Трета жртва на самозапалување во Бугарија

Трет бугарски граѓанин почина денеска (10.03) како последица на самозапалување во текот на протестите против растечката сиромаштија и корупцијата во Бугарија.

Венцислав Василев, 53-годишен невработен татко на пет деца, се поли со бензин и се запали пред 15 дена, пред канцеларијата на градоначалникот на бугарскиот град Раднево. Тој во болница е примен со тешки повреди поради вдишување чад и изгореници на повеќе од 75 отсто од телото.

Минатиот месец 36-годишниот Пламен Горанов (на фотографијата горе е прикажано местото во Варна каде граѓаните му оддаваат почит) се самозапали пред Градското собрание во Варна, што доведе до оставка на премиерот на бугарската десничарска влада, Бојко Борисов.

Уште еден млад бугарски граѓанин почина како последица на самозапалување во Велико Трново на 19 февруари, но бидејќи не изразил никакви политички и социјални барања, полицијата заклучи дека неговиот чин бил резултат на заболување од шизофренија.

Многу Бугари се незадоволни од политичката елита, за која сметаат дека е корумпирана и оценуваат дека многу малку направила за подобрување на
животниот стандард на граѓаните, кој е помал од половина од просекот во
Европската унија. Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев најави дека привремената влада, која ќе биде именувана наредната недела, ќе се фокусира на подобрување на економските услови и отворање на нови работни места, со цел да се намали стапката на невработеност од 12 отсто.