1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Трета европска авантура на ракометарите

Македонската машка ракометна репрезентација денеска во 20 часот и 30 минути со дуелот против домќинот и актуелен европски првак Данска го започнува настапот на Европското првенство 2014.

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го започне својот трет настап на Европските шампионати.

По вчерашното патешествие кое траеше речиси 18 часа, македонските ракометари доцна по полноќ пристигнаа во Хернинг, град во кој ќе се играат натпреварите од првата фаза во А група.

Домаќинот и актуелен европски првак Данска е првиот противник на селекцијата на Македонија во дуелот кој ќе се игра вечер од 20 часот и 30 минути. Во првиот натпревар од оваа група од 18 часот ќе играат Австрија и Чешка.

Примарна цел на македонската репрезентација која беше петта на претходното Европско првенство во Србија 2012 година, е пласман во вториот круг, а за остварување на целта избраниците на селекторот Ивица Обрван не смеат да бидат последно пласирани во оваа конкуренција.

Ако се изземе европскиот шампион Данска кој важи не само за фаворит во групата туку и за фаворит за златниот медал, тогаш за остварување на целта на репрезентацијата на Македонија и‘ е потребна минимум една победа во дуелите против Чешка во вторник (од 18:15 часот) или Австрија во последното 3. коло (четврток од 18:15 часот).

Покрај двата натпревари од групата А, на првиот ден на шампионатот во Алборг ќе се играат и првите средби во Б групата, а двојките се, Исланд – Норвешка (16 часот) и Шпанија – Унгарија (18:15 часот).

Во останатите две групи ќе играат:

Ц група: Србија, Франција, Полска и Русија.

Д група: Хрватска, Шведска, Белорусија и Црна Гора.