1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Тревога во Европа поради „германските вињети“

Откако во Берлин беше постигнат договор за владина коалиција, јавноста во соседните земји се чини не ја интересираше ништо друго освен најавата за воведување патарини во Германија. Посебно поради одредбата:„за странци“.

Наместо пренесување на изјавите на главните преговарачи за коалицијата Ангела Меркел (ЦДУ), Хорст Зехофер (ЦСУ) и Зигмар Гариел (СПД) за политичките решенија, холандскиот весник „Де Телеграф“ наредното утро само ја пренесе информацијата за патарините во Германија и опомена дека тоа било „удар за европскиот пазар без граници“. Весникот притоа напиша дека „Германците се осудија да воведат патарини за странци (кога и во кој облик, ќе се утврдува со дополнителни преговори), постои голема опасност дека низ Европа ќе се прошири бран на патарини. Уште повеќе земји по Германија, нема да може да му одолеат на искушението да извлечат колку можат повеќе од корисниците на нивните патишта од странство“.

Vignette Österreich

Негодуваат и земји кои веќе имаат патарини, како Австрија

Но, не се возбудија само Холандија, Данска или Белгија, кои засега немаат никакви патарини за патнички возила, туку најавата од Берлин предизвика тревога и во Полска, Чешка и посебно во Австрија, земји кои и самите наплатуваат патарини. Германија се наоѓа во центарот на Европа и возачи од сите тие земји практично мораат да минат низ Германија на патот до крајната дестинација во ЕУ.

Она што и политичарите во тие земји особено ги загрижува е изјавата на германските политичари според која патарината „не смее дополнително да ги оптоварува германските возачи“. Затоа и холандската министерка за сообраќај Мелани Шулц „воопшто не е среќна“ поради она што го слушна за германските планови. Нејзината земја ќе инсистира Европската комисија да внимава што прави Германија, и дали има намера да го прекрши начелото за рамноправност на сите граѓани - не поединечни нации, туку Европската унија.

Слични мислења стигнуваат и од Виена, чија министерка Дорис Бурес „одлучно ќе се бори против секакво кршење на европското право“ и во таа борба за правата на австриските возачи ќе „ги искористи сите средства“ кои ѝ стојат на располагање на Виена. Речиси е апсудрно што Хаг и Виена при евентуална тужба против Берлин би можеле да сметаат на поддршка од Германскиот автомобилски сојуз (ADAC). Имено не само што овој клуб смета дека е неизводливо да се „казнуваат“ само странските возачи, туку стручњаците на Автосојузот веќе одамна пресметаа дека таква германска патарина не се исплатува!

ADAC Winterdienst

Според пресметките на Автосојузот, вињетите нема да се исплатат

Германскиот автомобилски сојуз пресметките ги вршеше со разумна цена за вињетата. Таа во државните благајни би донела околу 265 милиони евра. Но, трошоците - самите вињети, местата за продажба и контролата на возачите - токму и поради големата мрежа од 13 илјади километри автопат во Германија, би изнесувале најмалку 300 милиони евра! Значи со таква патарина нема ништо да се заработи, туку и ќе се губат пари.

Парите секако се неопходни за автопатиштата. Но, би било повеќе од доволно кога во патиштата би се вложувал додатокот кој возачите во Германија веќе го плаќаат заедно со горивото.

Но, и тука може да дојде до несогласувања во Германија. Имено некои сопственици едвај да плаќаат данок на возилата, оти тој е поврзан и со еколошки параметри. Колку едно возило помалку ја загадува животната средина, данокот е понизок. Дали тоа ќе значи дека на сопствениците на големите автомобили како БМВ или Мерцедес, ќе им се одбива од данокот поради вињетата, а останатите ќе мора и да доплаќаат за да ги користат автопатиштата? Прашања на кои ќе треба да одговори новата германска влада.