1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Трговци со луѓе уапсени во Шпанија и во Франција

Полициите во Шпанија и во Франција во заедничка акција разбиле синџир за трговија со луѓе, преку кој Кинези биле снабдувани со лажни пасоши и носени во Европа и во САД.

Шпанската полиција соопшти денеска (10.08.) дека вкупно 75 лица се уапсени во Шпанија и во Франција во акцијата во која е разбиен синџир за трговија со луѓе. Во акцијата се уапсени и главните оперативци, односно шефовите на групата за Европа, кои биле во Барселона.

Како што е соопштено, мрежата на трговци со луѓе илегално пренесувала кинески емигранти во Европа и во САД. За патувањето и за создавањето на лажен идентитет тие во Кина наплатувале меѓу 40 илјади и 50 илјади евра, соопшти полицијата. Бандата им давала инструкции како да не бидат забележливи на граница, како да се `стопат` со групи туристи.

Осумдесетина фалсификувани пасоши од различни азиски земји биле запленети за време на акцијата. Во некои случаи оваа мрежа била користена и за сексуална експлоатација на илегалните имигранти, соопшти шпанската полиција која ја почнала истрагата пред две години. Во заедничката акција уапсени се 51 лице во Шпанија и 24 во Франција.