1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Трговците во Германија тријат раце!

Не се сите незадоволни од студот и снегот. Тоа токму ги тера луѓето во големите трговски центри, да најдат соодветни божиќни подароци, оти таму има се’ под еден покрив. На пример во стоковната куќа „КаДеВе“ во Берлин.

default

Мешаница пред влезот на КаДеВе во Берлин

Топли зимски капути, капи, пуловери и шалови се посебно барани на овие негативни температури, велат од Здружението на трговијата на мало. Но, под елките почесто ќе се најдат и технички производи како звучници, мобилни телефони и слично.

„Има многу понуда од алишта, кошули, пуловери - а и накит, секако, секогаш сосем добро доаѓа за Божик. Годинава ориентацијата е кон работи како це-де од Џастин Бибер или книги“.

Letzte Einkäufe zu Weihnachten

Дел од играчките се веќе распродадени

Кој бара детски играчки, мора да побрза: некои лего-играчки или модели на тркачки патеки се веќе распродадени, санките во секој случај. Многумина трговци се изненадени од големата навала на потрошувачи.

„Билансот на годинашниов предбожиќен бизнис е значително попозитивен, отколку што претходно очекувавме. Бележиме плус од преку два процента во однос на минатата година, а во апсолутни бројки кажано, во ноември и декември, во касите се слеа приход од 77 милијарди евра, со што е воспоставена една сосем добра ситуација во германската трговија на мало“, укажува Штефан Гент, главен раководител на Здружението на трговијата на мало.

Deutschland Adventskalender Weihnachtsstern Nußknacker Nüsse

Оптимистички прогнози за идната година

Наредната година би можело да биде дури и уште подобро, оти сега сите надежи за стопанскиот подем се врзуваат за самите граѓани: невработеноста опаѓа, па расположението за трошење пари може натамошно да расте, сметаат економистите. Потрошувачката во сопствената земја, тогаш, би можела не само да ги надомести слабостите во извозот, туку и да ги надмине.

Автор: Катја Бауш/ Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска