1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Трговската размена со ЕУ е во постојан подем

За пет години македонскиот извоз во Унијата е двојно зголемен,изјави македонскиот министер за финансии Никола Поповски. Но,проблем и натаму претставува големиот дефицит

Македонските производи се квалитетни,недостига дизајн

Македонските производи се квалитетни,недостига дизајн

Пред стартот на преговорите за нова балканска зона за слободна трговија во Букурешт,македонскиот министер за финансии Никола Поповски се пофали дека трговската размена со ЕУ е во постојат подем.Расте увозот,ама расте и извозот.За пет години македонсиот извоз во Унијата е двојно зголемен:

-Нашаат трховска размена со ЕУ и кај увозот и кај извозот,значи вкупната надворешна трговија се движи со страшна динамика нагоре.Вкупниот извоз на Македонија во 2005 во однос на 2004 е зголемен над 20 проценти.Како што гледате од година во година тој без исклучок расте.

Но големиот дефицит,главното мерило за успешнноста на економијата и натаму е нерешлив проблем за Македонија.Негативното салдо во трговијата и лани е близу рекордните милијарда и двесте милиони долари од 2004 година.

Долгорочно,ваквиот дефицит води кон банкрот:

-Неспорно,клучна тема е зголемувањето на извозот.И тоа е прашањето на кое Македонија ќе успее или не во иднина,вели професорот Михаил Петковски.Ниту бројните договори за слободна трговија со бројните земји ниту членството во Светската трговска организација не помогнаа за поизбалансирана трговска сметка.Македонија и натаму многу повеќе увезува отколку што извезува.

-Ако погледнете или прошетате во некоја продавница,или поголем супермаркет ќе забележите дека поголем процент од стоките се од странско потекло.Тоа само по себе не е лошо,туку е лошо што малку наши извозни производи одат надвор бидејќи надворешната трховија е игра во која сите добиваат доколку на увозот му следи извоз од наша страна,тука сме ние за жал послаби,објаснува Петковски.

Дел од производителите се свесни што им недостига:

-Немаме стандардизиран производ,немаме стандарди во нашата индустрија кои ќе ги задоволат европските стандарди,самокритична е Миладиновска,производител на сирење.

Други велат дека за да произведуваат по европски стандарди треба пари или само поатрактивен дизајн и посилна реклама:

-Ни недостасуваат финансиски средства,со тоа што и ние знаеме да работиме во Македонија,проблем е финансирањето ,поатрактивен дизајн и реклама,квалитетот ни е добар,велат дел од производителите на млечни производи.

И покрај тоа што македонските производи тешко се пробиваат на македонскиот пазар,ЕУ е најголем трховски партнер на Македонија со околу 53 проценти од вкупната размена.

Трговијата со земјите во регионот освен со Србија и Црна ГОра е незначителна.Само за илустрација,со Албанија на пример како земја сосед минатогодишната размена е едвај 36 милиони долари,со суфицит на македонска страна.И размената со Хрватска и со БИХ се мери со десетици милиони.Брисел очекува новата балканска унија да ја стимулира размената.