1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Тргна меѓународната помош за Јава

По катастрофалниот земјотрес на индонезискиот остров Јава на пат е меѓународната хуманитарна помош за погодениот регион.

Голем број од куќите на Јава се градени од слаб материјал

Голем број од куќите на Јава се градени од слаб материјал

Голем број меѓународни организации испратија извидувачки тимови, како и први пратки најнужен материјал. Според најновите информации на индонезиските власти регистрирани се околу 3.500 жртви, а бројот повредени се проценува на 10.000. Бројот загинати може да расте и понатаму, бидејќи спасувачките екипи сметаат со поголем број лица затрупани во урнатините. Најтешко погоден е универзитетскиот град Јогјакарта, кој е и омилена цел на туристите. Сите болнички капацитети во регионот се преоптоварени со оглед на големиот број повредени.

За ситуацијата во кризниот регион раководителот на германскиот Црвен крст Кристоф Милер, изјави:

„Сметаме со тоа дека ќе треба привремено да згрижиме меѓу 8.000 и 10.000 лица. Голем број граѓани од регионот избегаа во планините од страв од повторен цунами, како пред една година. Вршиме интензивни подготовки за згрижување на преживеаните, во што ни помага фактот што веќе има поголем број шатори на лице место. Остатоткот е веќе на пат. Втор голем проблем покрај сместувањето во наредните две недели ќе биде снабдувањето со вода за пиење.„

Германската и други влади ветија итна финансиска помош за погодениот регион.