1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Траумите на ветераните од Ирак

Воените трупи се повлекоа од Ирак, но многу американски војници и понатаму ќе страдаат од трауматичните искуства. Со тек на времето беше обелоденето дека им е потребна лекарска помош.

default

Здруженијата на ветерани бараат поголема помош за повратниците

„Првата ноќ кога бев во Ирак, застрелав едно семејство, а потоа и еден човек во БМВ кој сакаше да не прегази“, се сеќава поранешниот војник Мајкл Драмонд на почетоците на неговата мисија во војната во 2003 година. Тој ја раскажа својата приказна на една интернет страница, која известува за доживувањата на војниците: „Страдав од несоница и имав еден вид ’супермен-комплекс’, мислев дека сум бесмртен и се пријавував за сите опасни мисии.“

Посттрауматско стресно растројство

Irak Soldaten USA Rückkehr

Секој петти ветеран од Ирак има посттрауматско стресно растројство

По враќањето дома сфати дека му е потребна помош. Лекарот дијагностицирал ПТСР, или посттрауматско стресно растројство. Испитувањата покажаа дека секој петти војник кој се враќа од Ирак, го има овој синдром. Војниците се плашат, одбиваат да зборуваат за доживувањата, и многумина ја ублажуваат болката со алкохол и дроги. На повеќето повратници од војната им е тешко повторно да се снајдат во секојдневието, а тоа често ги оптоварува семејството и пријателите.„ Никој не ми кажа дека по враќањето тој ќе биде сосема поинаков, дека ќе биде бесен“, со насолзени очи раскажува Трејси Ајсверт на телевизискиот канал ПиБиЕс. Нејзиниот сопруг Скот не беше ист како пред војната, но за разлика од Мајкл Драмонд, Скот Ајсверт не доби соодветна лекарска помош. По неколку мачни месеци изврши самоубиство.

Ветераните добиваат помош од државата

Irak USA Truppen verlassen Irak Richtung Kuwait Foto

Здруженијата на ветерани бараат поголема помош за повратниците

Ваквите случаи ја шокираа американската јавност и политика. Се‘ поголем број организации се грижат за воените ветерани, а исто така и владата ја промени својата политика. Сега полесно се поставува дијагноза за ПТСР, т.е. посттрауматско стресно растројство. Војниците повеќе не мора да докажуваат дека се истрауматизирани од конкретен настан на военото поле и за тоа да најдат сведоци, изјави претседателот на САД Барак Обама: „Нашите војници не мора да водат записник за да имаат право да побараат помош. Тие може да бидат истрауматизирани од војната, иако не се нашле во вооружена престрелка.“

Трејси Ајзенхарт раскажува за страдањата на нејзиниот сопруг: „Мојот сопруг секогаш велеше дека во мислите му се лицата на мртвите, крв и распарчени делови од лешевите, не податоци и имиња.“

Во моментов официјално има околу 400.000 случаи на посттрауматско стресно растројство во САД. Заболените добиваат до 2.700 долари помош од државата месечно, и бесплатна лекарска нега. Здруженијата на ветерани го пофалија ова како голем успех, но бараат да се преземат повеќе мерки за повратниците да можат да се вратат во нормалниот живот. Приказната на поранешниот војник Мајкл Драмонд е со среќен крај. Неговата порака за другите ветерани е: „Има решение, не се откажувајте. Може да се надмине тоа.“

Автор: Сабине Милер / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска