1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Транспортот продолжува

Радиоактивниот отпад од француската постројка за рециклирање на атомски горива Ла Хаг денеска (06.11.) ja премина француско-германската граница. Предходно повторно наиде на блокада. Се најавуваат големи протести.

default

Товарниот воз тргна вчера од Франција

Со поддршка на многу личности од јавниот живот и познати политичари, и во покраината Долна Саксонија се организира протест во градот Вендланд, во непосредна близина на складиштетото за атомски отпад Горлебен. Од мала поворка, протестот се претвори во конвој од повеќе од шестотини трактори и илјадници противници на атомската енергија. Јулијан Банк, портпарол на една од организациите што го организираат протестот, изјави: „Доаѓаат многу автобуси и луѓе од цела држава, многу од нив сигурно ќе останат овде во кампови и ќе продолжат и утре со блокадите“.

Со оглед на продолжувањето на работата на нуклеарните централи во Германија, властите очекуваат денешните демонстрации да бидат едни од најголемите против атомската енергија во изминативе години. Полицијата веќе распореди седумнаесет илјади полицајци на местото на настанот. „Очекуваме протестите да поминат во мирна атмосфера. Очекуваме зголемен сообраќај, бидејќи се очекуваат голем број учесници, меѓутоа мислам дека настанот ќе помине добро, како за полицијата, така и за демонстрантите“, изјави портпаролот на полицијата Карстен Бозе.

„Мораме сами да го сносиме товарот од минатото“

Castor Transport Deutschland Gorleben

Атомскиот отпад, снимен со инфрацрвена камера

Министерот за животна средина Норберт Ретген исто така повика демонстрациите да поминат во мирна атмосфера. „Правото на протестирање не значи дека треба да се загрозува сопствениот или животите на другите“, изјави политичарот од ЦДУ. Транспортот е неопходен, бидејќи товарот од минатото не може да им се препушти на другите, рече Ретген. Според зборовите на министерот, се очекува наредната година од Франција да стигне уште една пратка радиоактивен отпад.

Станува збор за нуклеарно гориво од германските атомски централи, кое по првата употреба, се праќа на еден вид рециклирање во постројката Ла Хаг во Франција. Таму, со помош на комплицирани хемиски и физички процеси, од веќе еднаш согореното гориво се издвојуваат нуклеарни прачки, кои можат уште еднаш да бидат употребени во атомските централи. Останатиот дел е чист отпад, кој е многу радиоактивен. Договорот меѓу Франција и Германија предвидува по процесот на рециклирање, тој отпад повторно да биде вратен во Германија. Во случајот станува збор за вкупно 154 тони, спакувани во единаесет контејнери, кои во моментов се на пат кон Горлебен. Атомскиот отпад таму ќе биде привремено складиран, се` додека германските власти не одлучат каде трајно да го сместат.

Автор: ТТ/ АТ/ ртр/ дпа/ дапд

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM