1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Транспарентност при приватизацијата на ЕСМ

Интервју со Слаѓана Тасева од Транспарентност Македонија.

Скопје

Скопје

Госпоѓо Тасева, приватизацијата на дистрибутивниот дел на Електростопанство во Македонија влегува во позледната фаза. Како и во сите досегашни приватизации на поголеми компании во Македонија во сопственост на државата, јавната дебата се разгорува од ден во денно се чини недостасуваат суштински елементи. Последнава дебата за ЕСМ дури предизвика и досега невиден бран јавни протести. Повторно во фокусот на приговорите е недостатокот на транспарентност во процесот. Дали е тоа неизбежен белег на политичко – економската транзиција во земјата, или пак сето ова можеше да се амортизира во една јавна расправа каде би се спротивставувале фактите и ставовите за и против продажбата на оваа компанија?

Очигледно дека станува збор за еден неизбежен белег во македонската транзиција и уште повеќе белег на македоснката приватизација, затоа што имаше многу матни работи во текот на приватизацијата во Македонија. Можеби заради тоа овојпат се јавува ваков вид на јавна реакција. Значи постојаниот недостаток на информации, одбегнувањето да се дадат навремени, релеванти, информации и објаснувања за тоа кои се плановите, што се планира да се прави, зошто се планира да се прави и што ќе се случи после тоа. Значи некој да покаже дека тоа што се прави е добро, и дека се прави на добар начин, и дека утре на граѓаните ќе им биде подобро откако тоа ќе биде завршено. Сите овие недообјаснети работи, недоречености, дополнти со искуствата што ги имаме од претходо, имено многу приватизации што се случија се нетранспарентни и се проблематични и се криминални. Со тоа се прелеаја многу средства во рацете или џеповите на поединци. Но сега станува збор за стратешко добро, за нешто од кое зависи животот и егзистенцијата и на граѓаните и на стопанствениците во оваа држава и мислам дека со право постои голем интерес за оваа приватизација и дека сето тоа можеше да се направи на многу подобар начин, поорганизиарано и појасно за граѓаните односно потранспарентно.

Македонската влада знаеше со што ќе се соочи, со објавата дека ќе го продава ЕСМ. Токму затоа најверојатно и побара помош од Транспарентност Македонија, за да обезбеди услови за транспарентен процес на продажба на компанијата. Помошта пристигна во детален преглед на обврските кои треба да ги изврши владата за да го обезбеди тоа. Кои беа суштинските препораки кои ги дадовте?

Она со што се соочи владата кога зборуваме за транспарентност, сега зборувам влада како општ поим, не зборувам за оваа или претходната влада, затоа што Транспарентност беше тој што ја запре претходната приватизација, знаеме дека претходно имаше обид да се приватизира Електростопанство, во уште поматни и понејасни работи, и уште побргу и дефинитивно пред избори. Но тогаш експертскиот тим, што го имаше Транспарентност на време реагираше, дадовме навремени извештаи и прес конференции. Така што таа постапка тогаш се запре. Но тогаш постапката која ја правеше Транспарентност одеше многу подлабински, се занимававме со тоа што се случува, со моделите за приватизација со потребата за таква приватизација. Овојпат не сакавме и немавме капацитет, бидејќи дел од експертите кои тогаш ги користевме си најдоа место во некои институации држани, и кои неможеа поради евентуален судир на интереси да се приклучат кон групата на ексепрти кои би правеле мониторинг сега на овој процес. И овојпат на наше изненадување, затоа што не знаевме дека владата ќе донесе таква одлука, сепак на седница на влада се донесе одлука да се случи Транспарентност Македонија за да обезбеди транспарентност на целиот процес. Тоа е токуму она што ние го правевме. Обезбедивме форум за расправа, место на кое експертите, новинарите ќе успеат на граѓаните да им објаснат што се случува во овој процес. Поставивме конкретни барања: баравме да се направат одредени активности, во смисла дури и на отварање посебна веб страница, дефинирање на најчесто поставуваните прашања, однапред појаснување на одредени состојби вклучително и на моделот на приватизација. Баравме одговори на тоа што ќе се случи со средствата кои ќе се добијат од приватизацијата на ЕСМ. Но морам да кажам, тоа го презентиравме и во нашите соопштенија дека не секогаш или не до крај бе исполнтети овие наши барања што впрочем се направени и во соработка со Министерството за економија. Значи она што ние го побаравме, а тие ветија дека ќе го исполнат, не го исполнија. Затоа дури на крајот на последните состаноци што ги имавме, пред две недели уште еднаш заклучивме дека оваа постапка не се одвива до крај транспаренто. Транспарентност Македонија за следење на оваа работа оформи, или конституира и посебен надзорен одбор, борд кој е составен од експерти, претставници од невладиниот сектор и уреднци од медиумите. Тие ги дефинираа прашањата, темите кои треба да се –расправаат на тркалезните маси, но и кои што ги прецизираа точно ставовите од соопштенитето на Транспарентност Макеоднија кога излеговме со став дека оваа постапка не е до крај транспарентна и не е до крај објаснета.

По предавањето на понудите и документацијата на заинтесираните странски компании. Следува периодот на одлучување во Владата , кому ќе му го додели правото да го купи мнозинскиот дел од акции во ЕСМ Дистрибуција . Какви активности предвидува Транспарентност Македонија во мониторингот на овој процес. Има ли Владата шанси да го поправи впечатокот ?

Владата, би рекла дополнително го влоши впечатокот со тоа што кажа дека не се спремни да ги кажат деталите од договорот. Ние, поготово поучени од искуствата што ги имавме со ОКТА и Телеком, сметаме дека владата не смее да дозволи формирање на уште еден монопол, и да се склучи уште еден договор кој ќе биде штетен за интересите на граѓаните на Македонија. Тоа дополнително ја влоши позицијата на владата и ја поостри недовербата во сето она што ќе се случува. Дополнителен елемент е дека официјално се најавува дека постапката за добивање на понудите ќе се одвива во еден ден, а постапката на отварање на понуди, избор на најдобар понудувач и потпишување на договорот, ќе се одвива во наредниот ден, односно само во еден ден. Исто така сметаме дека тоа неможе така, дури и формално – правно треба да се обезбеди право на приговор, на оние што нема да бидат задоволни од таа постапка, на избор на најдобар понудувач за да правилно се заврши целата постапка. Она што ние го правиме е што упативме писмо до министерот за економија во кое бараме да се одобри експерт, кој ние ќе го одбереме, ќе седи таму во текот на целата постапка. Нема да има право да учествува во расправата ниту да гласа, но сепак да ја следи целата процедура на отварање на понудите и на изборот на најдобар понудувач. Сеуште немаме одговор на нашето барање. Очекуваме дека позитивно ќе биде одговоррено на него, за да можеме подоцна и со одреден извештај кој ќе го изврши експерт да дадеме своја оценка за тоа како течела постапката за изборот на најдобар понудувач.

Опозицијата разбирливо, со сопствена аргументација се спротиставува на продавањето на ЕСМ дистрибуција. Беше потпишана и заедничка декларација на сите опозициони партии кои бараат од власта да го прекине процесот и најавуваат дека доколку ја преземат власта во земјата на претстојните избори, ќе ја преиспитаат приватизацијата. Колку според Вас опозицијата придонесува за поголема транспарентност на процесот?

Неможам да дадам оценка за ова. Никогаш не сум се занимавала до ова дали опозицијата придонесеува за транспарентноста или не. Мислам дека како и сите граѓани, така и опозицијата битно е да ги следи овие состојби. Но за тоа неможам да дадам оценка дали придонесуваат за транспатрентноста. Би требало како и сите други да се заинтересирани и доколку имаат ставови да ги изнесат.

Успеаја ли медиумите да дадаат свој придонес за транспарентноста на процесот?

Мислам дека медиумите и сето она што заеднички го направивме со медиумите имаат придонес. Организиравме неколку работилници за новинарите кои работта во оваа област, заедно со ексерти незавсини и оние кои работат во министерството за економија за да им се објасни целата постапка. Имавме впечаток дека новинарите не знаат до крај за што се зборува, и нормално не сме сите експерти за одредени области. Но се очекуваше, барем оние кои известуваат од дредена сфера да бидат малце пообучени и подговтени. И тоа и се направи. Се организираа неколку работилници на кои се расправаше за жешки теми или отворени прашања. Мислам дека медиумите многу подобро, овојпат отколку претходно си ја завршија својата работа во смисла на обезбедување на доволно информации, отварање на различни теми, посочување на можните проблеми. Мислам дека медиумите овојпат добро се вклучија.

Во разгорената расправа околу продажбата на ЕСМ, може да се чујат и обвинеија за нетранспарентост, за условно кажано дури и за контролорот на транспарентоста, значи Транспаренстност Македонија. Каков е Вашиот став за ова?

Незман за каков тип обвиненија мислите за нетранспаренстност за Транспарентност Македонија. Ние направивме се за да обезбедиме навистина добар контакт и комуникација меѓу новинарите, експертите и луѓето кои се подготвуваат за продажба на ЕСМ. Ги слушнавме оние наводни, би ги нарекла инсинуации или шпекулации, за наводно финасирањсе од владата. Никогаш Транспарентност не се финасирала од владата нити од која било државна институција или воопшто од некого од Република Македонија. Зад тоа стојат донатори од меѓунардони организации,. Во случајов се билатерални договри со амбасадите на Норвешка и Швајцарија. Тие редовни се присутни на сите наши активности. Нивните претставници следат се што се случува и се задоволни од она што го работиме и начинот на кој го работиме. Така да ников вид на нејасноста или нетрансопарнсот не постои во делот на работата на Транспаренснтност Македонија.

Продажбата на големата компанија во државна сопственост очигледно ќе биде и централна тема во кампањата за претстојните избори во Македонија. Официјален Брисел неуморно повторува дека тие избори мора да бидат по европски терк, и оти од тоа ќе зависи брзината на македонската интеграција во ЕУ. Иако Унијата за тоа не говори толку често се подразбира и дека таа очекува и продажбата на ЕСМ да биде по европски терк. Инаку зад тоа европски терк најчесто се крие апсолутна транспарентност на процесот. Има ли Македонија во моментов капацитет да одговори на барањата за раководење на работите по европски терк?

Јас никогаш капацитетот не сум го доведувала во прашање. Во Македонија има капацитет да се направи не само ова туку и многу други работи. Она што недостасува во Македонија е политичка воља. Треба да сакаме да го правиме тоа како што треба, а во овој момент мислам дека тоа сеуште не постои. Капацитет дефинитивно има.