1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Транспарентноста како оружје против корупцијата

Јавното именување и посрамотување е успешна метода при заштитата на граѓанските права. Транспаренси Интернешнал ја користи оваа стратегија во борба против корупцијата и на 9. декември, Ден на борба против корупцијата.

default

Логото на невладината организација за борба против митото и корупцијата во светот

На 9. декември секоја година се објавува индексот за плаќачите на поткуп, листи на сите земји каде фирмите плаќаат мито. Со нивното објавување се постигнува транспарентност, која треба да ја искорени корупцијата. Оваа појава до неодамна се’ уште претставуваше „кавалерски деликт“, а претставниците на фирмите се правдаа дека ако тие не го сторат тоа, тогаш ќе го сторат други.

Транспаренси Интернешнал во борба против корупцијата

Списокот земји во кои се плаќа мито го подготвува невладината организација Транспаренси Интернешнал, која успешно ја сузбива корупцијата ширум светот. Основоположникот на оваа организација, д-р Петер Ајген, вели:

Peter Eigen

Основачот на Транспаренси интернешенал, Петер Ајген

„Германската влада, на пример, беше беспомошна. Нејзини претставници изјавија дека подмитувањето е застапено насекаде во светот и ако одеднаш само тие се спротивстават, ќе изгубат многу зделки“ вели Ајген. Тој порано работеше во Светската банка, а во 1993. година ја основаше невладината организација Транспаренси Интернешнал. За таа цел тој се состана со политичките водачи од Африка, Азија и Латинска Америка, како и со други соработници од Светската банка. Невладината организација со седиште во Лондон и Берлин, оттогаш претставува авторитет кога станува збор за корупција и поткупување.

Петар Ајген смета дека основањето на Транспаренси Интернешнал е логична последица на неговиот долгогодишен ангажман во Светската банка, меѓу другото и во Африка. Тој вели дека таму се градат брани, нафтоводи, железнички пруги и пристаништа кои чинат милијарди, а воопшто не се потребни, додека помалите и понеопходни инвестиции, како на пример за училишта и болници се запоставуваат. Петер Ајген додава дека последиците од ваквите политички одлуки влијаат врз целото општество:

Symbolbild Korruption Euro Scheine und Hände

Многу пари зад кулисите

„Според мене токму первертирањето на економската политика е причина за безнадежноста на многу млади луѓе во повеќе земји, кои се бесни на естаблишментот и затоа стануваат насилни“.

Германија ја потпиша Конвенцијата за антикорупција

За корупција се потребни најмалку двајца, кои меѓусебно се влечат се’ подлабоко во калта, имено оние кои плаќаат и оние кои дозволуваат да бидат поткупени. Со Транспаренси Интернешнал, Петер Ајген сакаше да ги обелодени овие механизми и ја оствари замислата така што во 1999. година Германија заедно со 34 други држави потпишаа конвенција за антикорупција. Сега може да бидат казнети и оние фирми кои плаќаат мито во странство. Најнов пример од Германија е концернот Сименс, кој наводно потрошил 1,5 милијарди евра за мито и за други сомнителни цели.

Ајген денес е претседател на новоформираната организација ЕИТИ, која си постави задача да ја сузбие корупцијата, особено во индустријата со суровини. Тој смета дека државите, кои се богати со суровини, честопати се особено подложни на корупција и вака го објаснува проблемот:

Transparency International uchcover www.globalcorruptionreport.org

Секоја година се издава посебна публикација со рејтингот на земјите

„Разбојниците во некои земји се финансираат со продажбата на природни богатства, на пример дијаманти, а владите исто така се финансираат со такви зделки, а оружјето го купуваат од истиот дистрибутер од Европа или од Америка. Некои влади плаќаат војници, кои во земјите прават нереди на сметка на населението. Големи се можностите за манипулации во секторот на корупцијата, погрешниот менаџмент и правењето грешки, а виновни се најчесто двете страни“.

Во Боцвана транспарентноста е на високо ниво

Според Петер Ајген и организацијата ЕИТИ прв чекор во борбата против корупцијата е да се именуваат поткупувачите. Нивна стратегија е да ги „именуваат и да ги посрамотат“. Но, поранешниот претседател на Боцвана, Фетус Могае вели дека тоа не се спроведува во стварност. Неговата земја е една од африканските земји, која покажа најголема транспарентност. Вистински пример за тоа се договорите, со кои се концесионирани наоѓалиштата на дијаманти во Боцвана. Фетус Могае истакува дека тоа е возможно само ако на власт е демократски избрана, транспарентна влада.

Transparency Hansjörg Elshorst und Peter Eigen

Основачот Петер Ајген со блискиот соработник Ханс Јерг Елсхорст на една конференција

„Нашата влада е избрана по демократски пат, таа е стабилна и дејствува во рамките на утврдените постапки и закони. Од друга страна, транспарентноста е безначајна во конфликтните ситуации. Кои книги? Кој ќе биде книговодител? Никој не е подготвен да обелоденува факти и бројки, ако воопшто водат книговодство во такви ситуации“, нагласува Могае.