1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Транспаренси интернешнл: Подобрување има но корупцијата сеуште постои

Глобалниот барометар за корупција на транспаренци интернешнл констатира подобрување на состојбите во Македонија. Земјата во 2007 ја подобрила позицијата за 24 места на ранглистата од 178 анализирани држави.

default

Транспаренси интернешнл

Подобрувањето во Македонија би можело да биде резултат на анкетата според која 61 процент од испитаниците имаат доверба во активностите на владата за сузбивање на коруцијата. Сепак 44 проценти од испитаниците изјавиле дека морале да платат поткуп за да завршат некоја работа.

Од оценките на Транспаренси интернешнл луѓето во транспарентност Македонија не се изненадени.

Македонските граѓани сметаат дека со корупција најмногу се зафатени следните сектори. Судството, здравтството, образованието, политичките партии, полицијата, парламентот и бизнис секторот.

65 проценти од испитаниците одговориле дека судството е екстремно корумпирано. Здравството, образованието и полицијата како сектори со кои граѓаните имаат секојдневен контакт и поради тоа неопходни се засилени мерки за сузбивање и спречување на корупцијата. Владата покрена широка кампања за борба против корупцијата, Во една од последните акции беа уапсени седумдесетина инкасанти од наплатните рампи на патарините, но антикорупционерите од невладинот сектор сметаат дека битката е насочена кон ситните риби. Ордановски вели дека се проблематични и многу владини одлуки.

54 проценти од испитаниците оцениле дека корупцијата во наредните три години ќе се зголемува. Според овој параметар, Македонија не се разликува од очекувањета на светско ниво според кои корупцијата ќе расте.