1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Транспаренси Интернешенал ја објави годинешната анализа за корумпираноста

Финска, Нов Зеланд, како и Данска и Исланд се замји со најмала стапка на корупција во светот

Ова произлегува од анализата на Транспаренси интернешенал, што денеска беше објавена во Берлин. На дното на скалата се Нигерија, Бангладеш и Хаити.

Подобрувања на состојбата со корумпираноста, годишната анализа на Транспаренси интернешенел покажува во Швајцарија, која се искачи дури на 7-то место најнекорумпирани земји. Тука се и Австрија, Чешка и Франција, каде исто така е забележано значително подобрување. Но, истото важи и за земји од третиот свет како Боцвана, Јордан, Танзанија, Ел Салвадор и Уругвај.

Меѓу земјите со добри оценки се наоѓаат претежно високо развиени демократски земји од Западот, но има и такви кои се релативно сиромашни, а сепак не се корумпирани, како Чиле, Уругвај или Боцвана. Посебно лош рејтинг имаат во принцип земји, кај кои како главен извор на приходи се јавува експлоатацијата на природните богатства. Тука се Иран, Ирак, Либија, Русија, Казахстан и Венецуела.

Влошување, односно пораст на степенот на корумпираност Транспаренси регистрира во Луксембург, кој инаку важи како даночен рај на Европа, потоа во новите членки на ЕУ Полска и Кипар, Јамајка, Кувајт и Саудиска Арабија. Во зоната на земји со лоша состојба се најдоа дури 106, од вкупно анализираните 146, додека дури 60 од нив се сметаат за екстремно корумпирани.

Германија, според извештајот на Транспаренси, постигнала напредок и се искачи за едно место од 16-то на 15-то.

“Можеме да се радуваме, Германија повторно се искачи уште малку погоре на скалата. За разлика од 20-то место пред три години, што беше вистинска бламажа, сега дојдовме на 15-то, што се уште не е сјајно, но сепак многу подобро“ - изјави на денешната прес-конрференција во Берлин, шефот на Транспаренси, Хансјерг Елсхорст.

Како посебно подложни на корупшција во Германија важат градежниот и фармацевтскиот сектор.

Извештајот на Транспаренси произлегува од анализата на 17 поединечни анкети спроведени меѓу деловни луѓе и аналитичари, како од соодветните земји, така и од странство. Највисока оценка на скалата е 10, а најниска 1.