1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Транспаренси: Во Македонија се најкорумпирани судството и пратениците

Корупцијата е еден од најтешките проблеми на македонското општество и сериозна пречка во евроинтегративниот процес на земјата.

default

Денеска објавениот глобален барометар на корупција објавен од страна на Транспаренси интернешнл е потврда за тоа дека корупцијата е меѓу најголемите проблеми во макеоднското општество. Во Македонија резултатите ги презентираше Транспарентност нулта корупција. Претседателот на организацијата Слаѓана Тасева соопшти дека во истражувањето во Македонија биле опфатени 1.139 испитаници, анкетирани во ноември 2008 година.

Според нивните оценки, најкорумпирани се судството и пратениците, на поткуп значително подлегнуваат јавната администрација и медиумите, но посебно загрижувачка е состојбата во приватниот сектор. Македонските граѓани се изјасниле дека Владата е ефикасна во борбата против корупцијата.

Генерална оценка од истражувањето на глобално ниво, која важи и за Македонија, е дека најсиромашните граѓани плаќаат најмногу поткуп. Но, посебно загрижува што голем број граѓани не ги пријавуваат случаите. Главната причина за непријавувањето на корупцијата, според Тасева, е недовербата во институциите или стравот од последиците.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска