1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трамп со закана за Венецуела

Со оглед на страдањето на луѓето во јужноамериканската држава, според претседателот на САД во опција е и воена интервенција.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изрази загриженост поради хуманитарната криза во Венецуела и додаде дека не ја отфрла можноста за воена акција како одговор на политичката ситуација во земјата.

Трамп во изјава за новинарите истакна оти сите опции се на маса поради антидемократските постапки во Венецуела, вклучувајќи и воена акција.

Министерот за одбрана на Венецуела, Владимир Падрино, рече дека заканите на Трамп се „акт на лудило и краен екстремизам“.

Белата куќа претходно негативно одговори на желбата на венецуеланскиот претседател телефонски да разговара со својот американски колега и соопшти оти Трамп ќе разговара со Николас Мадуро дури откако во Венецуела повторно ќе се воспостави демократија.

Во средата имено американското министерство за финансии ги прошири санциите против Венецуела и на црната листа стави нови владини функционери во земјата. Санкциите предвидуваат замрснување на можните имоти и сопственост на погодените лица во САД. Казните, од кои погоден е и самиот Мадуор беа образложени со изборот на спорното Уставотворно собрание, кое треба да му ја осигура власта на социјалистичкиот претседател на Венецуела.

 

DW.COM