1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп му даде последна шанса на нуклеарниот договор со Иран

ЕМФ /агенции
13 јануари 2018

Иако договорот со Иран го смета за „најлош договор на сите времиња“, американскиот претседател Доналд Трамп засега не посегнува по санкции.

https://p.dw.com/p/2qnCF
USA Trump erhöht den Druck auf den Iran
Фотографија: picture alliance/dpa/AP/E. Vucci

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека е ова последен пат што се откажува од повторно воведување санкции. На европските партнери во преогворите - Велика Британија, Франција и Германија тој им даде рок од 120 дена за отстранување на „ужасните недостатоци“ од договорот и за убедување на Иран. Владата на Трамп одбива да преговара директно со Иран.

Трамп во својата писмена изјава бара да се спроведуваат построги инспекции и да се осигура дека Иран никогаш нема да може да направи нуклеарна бомба. Сите договори би морало да бидат со неограничен рок, бара американскиот претседател. Освен тоа, според него, ракетната програма и атомската програма би требало да бидат поврзани, а не да се третираат одделно.

Повеќе:

САД и Европа во конфликт поради Иран

Повици за смена на режимот во Иран се контрапродуктивни

Со одлуката за продолжение на рокот за стопирање на санкциите Вашингтон им излегува пресрет на европските партнери. Во четвртокот францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со колегата Доналд Трамп се заложил за опстојување на договорот со Иран.

Портпаролка на германското Министерство за надворешни работи соопшти дека Германија и натаму ќе се залага за спроведување на атомскиот договор.

Министерството за финансии на САД, меѓутоа, како што се очекуваше воведе натамошни санкции кои не се поврзани со атомската програма на Иран. Тие се насочени, меѓу другото, против ракетната програма на земјата, против поддршката и финансирањето на меѓународниот тероризам и повредата на човековите права.

Iran Atomwissenschaftler
Мора да се спроведат построги инспекции и да се осигура дека Иран никогаш нема да може да направи нуклеарна бомба, бара ТрампФотографија: picture alliance/dpa/epa

Иран: За договорот не може наново да се преговара

Иран уште еднаш решително го отфрли барањето на Трамп за промена на нуклеарниот договор. „Нуклеарниот договор е меѓународно признат и завршен пакт и за него не може да се преговара наново“, нагласи иранското Министерство за надворешни работи. Оттука, како што е соопштено, Техеран нема да прифати ниту промени ниту нови обврски кои не се содржани во Виенскиот договор од 2015 година. Изјавата на Трамп е уште еден очаен обид да се поткопа еден солиден мултилатерален договор, се вели во Техеран.