1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Традиционално следење на американските избори и во Скопје

Амбасадата на САД и овој пат организираше јавно следење на изборниот процес со поканети одбрани гости од македонскиот јавен живот.

default

Американскиот амабасадор во САД, Филип Рикер на сликата неодамна со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски

Исходот од американските избори со големо внимание се следеше и во Скопје - по традиција во организација на амбасадата на САД. „Секои четири години имаме шанса, не само во нашата земја, туку и во сите земји во светот, да го проследиме демократскиот процес на избирање на нов претседател. Денеска е историски ден за САД – избран е санаторот на Илиноис за нов претседател“ – изјави амбасадорот Филип Рикер.

Што се однесува до евентуалните промени на американската политика кон Македонија, Рикер оцени: „Верувам во континуитет на американската надворешна политика, особено во нашите односи со Македонија. Ние имаме многу силни врски и како што многу пати до сега кажав, Македонија нема подобар пријател од САД и тоа ќе продолжи“ – нагласи Рикер.