1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трагичен крај на една патрола

Неполни две недели по загинувањето на тројца германски војници во Авганистан, Бундесверот повторно беше цел на напад. Загинаа четворица војници. Министерот за одбрана Гутенберг се врати во Авганистан.

default

Германската канцеларка Ангела Меркел, која денеска ја завршува турнејата во САД, изрази разбирање за сомнежот што се јавува, но соопшти дека нема друга алтернатива за мисијата во Авганистан.

„Знам дека кај многу луѓе се јавува сомнеж, дали ангажманот е оправдан. Сакам да кажам дека свесно стојам зад оваа мисија, за земјата да се стабилизира и да

Afghanistan Bundeswehr Trauerfeier

Канцеларката Меркел и министерот Гутенберг на комеморација за војниците загинати за време на велигденските празници

може да ја преземе одговорноста,“ рече канцеларката Ангела Меркел при посетата на елтиниот универзитет Стенфорд, во Сан Франциско.

Војниците биле погодени од ракета

Вчера во Авганистан загинаа четворица германски војници, кои вршеле патрола во градот Баглан, на околу 100 километри јужно од Кундус. Петмина се повредени. Според извори од германската армија, војниците биле погодени од ракета на бунтовниците. Германскиот министер за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг, кој тукушто ја заврши посетата во Авганистан информацијата ја потврди во базата на германската армија во Узбекистан.

„Очигледно, иако е потребна уште една детална проверка, се работи за особено трагичен случај. Јас ќе се вратам во Авганистан за да бидам со нашите војници, и да добијам слика за она што се случува, но особено да бидам со војниците,“ рече министерот кој се врати во главното седиште на трупите на ИСАФ во Мазар и Шариф, за да им пружи поддршка на војниците.

Flash-Galerie Wochenrückblick KW 15 2010 Verteidigungsminister Guttenberg in Afghanistan

Карл-Теодор цу Гутенберг како министер за одбрана се врати во седиштето на ИСАФ за да им пружи поддршка на војниците

Опозицијата бара брзо информирање за случајот

Министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле, пак, изјави дека нападот ги погодува „сите Германци“. Длабока погоденост изразија и шефот на пратеничката група на СПД, Франк Валтер Штајнмаjер и претседателот на sоцијалдемократите Зигмар Габриел, додека шефот на Левичарската партија Оскар Лафонтен го повтори барањето на неговата партија за повлекување на Бундесверот од Авганистан. Шефовите на пратеничката група на Зелените Ренате Кинаст и Јирген Тритин побараа од германската влада брзо да ги достави информациите, како дошло до оваа нова трагедија во кратко време.

Од почетокот на мандатот на Будесверот во Авганистан во 2002 година досега животот го загубија 43 германски војници.

Автор: АТ/БГ/дпа/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM