1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трагедија во супермаркет во Рига

Досега се пронајдени телата на 45 загинати, откако се урнала целата конструкција на супермаркет во главниот град на Летонија, Рига. Премиерот Валдис Домбровскис прогласи тридневна жалост во државата.

Најмалку 45 лица загинаа, а над 20 се повредени при синоќешното уривање на ѕидови и покривот на трговскиот центар „Максима“ во Рига, соопштија утрово летонските власти. Меѓу загинатите има и тројца спасувачи.

„Причината за несреќата се‘ уште не е позната“, изјави Викторија Сембеле од пожарникарско-спасувачката служба. Очевидци изјавија дека пред уривањето на покривот се слушнала и експлозија. Несреќата се случи синоќа околу 18 часот по локално време, кога прво се урнал еден од ѕидовите на зградата и покривот. Подоцна, кога почнало расчистувањето на теренот, се урнал уште еден ѕид. Површината на урнатините изнесувала околу 500 квадратни метри.

Се претпоставува дека причина за несреќата е изведување на градежни работи на покривот на зградата непосредно пред инцидентот.

Летонскиот државен Центар за крводарителство упатил помош за дарување крв за настраданите. На местото на несреќата се ангажирани околу 400 спасувачи и полицајци.

Довезена е и дополнителна техника за да се расчистат остатоците што не дозволуваат да се дојде до местата на кои се претпоставува дека може да има затрупани луѓе. Експертите предупредуваат дека при расчистувањето не треба да се дејствува избрзано, бидејќи отстранувањето на една плоча може да доведе до уривање на целата конструкција, а под неа да има уште луѓе. Потрагата по преживеани под урнатините продолжува.

Поврзана содржина