1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Трагедија во Полска

При уривањето на една саемска хала во градчето Корзов, недалеку од Катовице, според најновите извештаи на властите, загинале најмалку 60 лица, меѓу нив и еден Германец. Повредени се повеќе од 140.

Во текот на целата ноќ спасувачките екипи трагаа по преживеани на темепература од минус 17 степени.

Властите во Полска страхуваат дека бројот на жртвите би можел да се зголеми, бидејќи во моментот на трагедијата во саемската хала имало околу 1000 луѓе. Не се знае уште колку луѓе се се уште под урнатините, на чие отстранување со часови работат спасувачките екипи. Ангажирани се и кучиња трагачи. Работата ја отежнуваат ниските надворешни температури, на кои евентуланите преживеани не би можеле долго да издржат.

,, Во моментов не сме во можност да кажеме колку луѓе се уште се под урнатините. Оние што ги извлековме се однесени во болница. Полицијата и пожарникарите и натаму бараат преживеани“ објасни портпаролот на полската полиција, Јануз Јонцук.

Во моментот на уривањето во халата се одржувала излжба на гулаби – поштари на која имало и одгледувачи од Германија и други европски држави. Покривот веројатно се урнал од снежниот товар, но некои експерти велат дека колапсот би можел да биде и последица на големата температурна разлика – во и надвор од објектот.

Преживеани сведочат:

,, На бината свиреше музика, но наеднаш се слушна силна бучава, како огномет. Се крена паника, бидејќи луѓето забележаа дека зградата се оштетува. Потрчав кон вратата и успеав да се спасам. Целата трагедија траеше неколку секунди,, вели еден од преживеаните, а друг додава:

,, Видов како с’е се крши. За среќа стоев покрај ѕидот и можев да избегам. Најлошото од се беше што излезите за евакуација беа заклучени.За среќа се спасивме- Му благодарам на Господа“..

Полска, со двоцифрените минусни температури, оваа година ја доживува една од насјтидените зими во последните декади. По трагедијата, претседателот Лех Качински прогласи денови на жалост во земјата.