1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трагедијата од Минхен прогонува и по 40 години

Во 1972. Германија беше во олимписка треска. Но, славеничкото расположение брзо згасна. На 5. септември, арапски терористи го нападнаа Олимпиското село и зедоа во заложништво израелски спортисти. Се случи катастрофа...

„Ги прогласувам Олимписките игри во Минхен, како 20. Игри во новата ера за отворени!“ Тоа беше прогласот на тогашниот германски претседател Густав Хајнеман. Во следните десет дена Олимписките игри минуваа онака како што посакуваа организаторите.

„Тогаш се сметаше дека тоа e одлична можност на светот да му се покаже дека ова e една поинаква Германија, за разлика од онаа во 1936. година, кога се одржаа Игрите во Берлин. Значи, една слободна, пријателска Германија“, вели тогашниот претседател на германскиот Олимписки комитет Вили Дауме.

Но, во раните утрински часови на 5. септември приказната за пласманот и златните медали заврши. Вооружена група арапски терористи упадна во Олимпиското село. Нивна цел беа израелските спортисти. Новинарот Дагоберт

Линдлау во тоа време беше известувач на државната АРД.

„Цела ноќ снимавме и утрото веќе бевме спакувани. И, тогаш слушнав еден истрел и си помислив: тоа мора да е некој олимписки стрелец кого го мрзело да си го исчисти пиштолот, па испукал патрон преку прозорецот. Но, потоа моравме да се вратиме назад, затоа што ѓаволот ја беше однел шегата“.

Преговори со терористите

Двајца израелски спортисти беа убиени, а деветмина беа земени како заложници. Групата која се нарекуваше „Црн септември“ бараше ослободување на над 200 затвореници од израелските затвори, барање кое владата во Ерусалим не сакаше да го исполни. Тогашниот министер за внатрешни работи Ханс Дитрих Геншер ги водеше преговорите со киднаперите.

„Уште во раните утрински часови се обидовме да ги ослободиме заложниците на тој начин што понудивме размена за германски заложници. И јас се понудив. Но, тоа беше одбиено“, се потсетува Геншер.

Следува целосен хаос. Во позадината се јавува кавга меѓу државата и покраината Баварија околу тоа чија е надлежноста за случајот. Никој не е подготвен за ваков настан. На крајот, сојузната влада одлучува да им дозволи на терористите да отпатуваат со авион за Египет заедно со заложниците. Во 22 часот и 20 минути со два хеликоптери, терористите и заложници се упатуваат кон

Terroranschlag Olympiade München 1972

Остатоци од еден од хеликоптерите со кој се превезуваа терористите и заложниците

аеродромот Фирстенфелдбрук.

„Пукотници на аеродромот Фирстенфелдбрук. Полицијата возвраќа на нападите...“

Заложничката драма завршува со катастрофа. На 6. септември во три часот наутро баварскиот министер за внатрешни работи излегува пред јавноста за да го соопшти епилогот:
„Не успеавме да ги застреламе сите Арапи одеднаш. Неколкумина од нив ја остварија заканата и отворија оган од автоматско оружје. Притоа загинаа заложниците и еден припадник на полицијата“.

Игрите мора да продолжат!

Целиот свет е во шок. Неколку часа по нападот на Олимпискиот стадион во Минхен се собраа 80 илјади луѓе да им оддадат почит на жртвите. Претседателот Густав Хајнеман порача:

„Онаму каде што до предмалку владееше среќа, сега на сцена се шок и неверување. Без зборови стоиме пред едно неверојатно злосторство“.

Уште претходно беше одлучено Игрите сепак да продолжат, а истото го повтори и претседателот на Олимпискиот комитет Ејвери Брандиџ:

Olympia 1972 in München Olympische Fahne auf Halbmast

Олимписките знамиња на половина копје

„Игрите мора да продолжат!“

Одлука која не наиде на целосно одобрување во светот. Не сите спортисти сакаа да ја продолжат битката за медали. Многумина ги напуштија Игрите. За новинарот Дагоберт Линдлау тоа беше горко чувство:

„Мене најмногу ме погоди тоа што во Германија повторно беа убивани Евреи, овој пат не од нас, туку од терористи, а ние немоќно следевме што се случува“.

Во јуни 2012 година пред јавноста беа отворени тајните документи на службите за безбедност за настанот. Тие недвосмислено покажаа дека палестинските терористи имале помошници во Германија од редовите на неонацистичката сцена.

Поврзана содржина