1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Тојота“ ќе плати отштета во САД

Јапонскиот произведувач на автомобили „Тојота“ скапо ќе го чинат техничките проблеми на неговите возила. Во САД концернот ќе исплати обештетување до 1,1 милијарда долари.

Јапонскиот автомобилски концерн „Тојота“ во САД треба да плати до 1,1 милијарди долари отштета поради серија на акции на повлекување на автомобили од сообраќајот. Претпријатието даде зелено светло за спогодбата, која сега мора да биде одобрена од судот.

Спогодбата предвидува директни исплати на погодените муштерии. Обештетување треба да добијат и оние сопственици на автомобили, кои поради нарушениот имиџот можеа да ги продадат своите автомобили само по пониска цена.

„Тојота“ во периодот меѓу 2009 и 2011 година повлече во работилниците повеќе од десет милиони возила поради проблеми со педалот за гас и други технички проблеми. Тие доведоа до тоа, концернот да ја загуби водечката позиција на светскиот пазар на автомобили во корист на „Џенерал Моторс“. Годинава меѓутоа „Тојота“ повторно е на светскиот врв.