1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Тојота“ и „Нисан“-жртви на „островскиот“ спор меѓу Кина и Јапонија

Јапонските концерни „Тојота“ и „Нисан“ го намалуваат производството на автомобили во Кина поради спорот за островите. Спорот влијае и врз продажбата на јапонските автомобили, соопштено е во Токио.

„Тојота“ и „Нисан“ го намалија производството на автомобили во Кина поради тензиите медѓу Токио и Пекинг за спорните острови Сенкаку, односно Дијаоју. Портпаролот на „Тојота“ изјави дека кинеските ограноци на компанијата го „корегираат производството“.

Претставник на „Нисан“ истакна дека една од трите монтажни фабики привремено ќе го прекине производството од четврток. Причина-„актуелната ситуација на пазарот“, како и празниците во Кина. Од 8.октомври „Нисан“ ќе реагира „флексибилно на развојот на пазарот. Во Кина оваа фирма произведува речиси 1, 2 милиони возила.

Во меѓувреме, министрите за надворешни работи на Јапонија и на Кина, Коичиро Гемба и Јанг Јеичи синоќа во Обединетите нации имаа едночасовна средба на која разговараа за кризата во Источнокинеското Море.

Коичито и Јеичи ги потврдија претензиите на земјите над оспоруваните острови.

Шефот на кинеската дипломатија истакна дека спорните острови Дијаоју од секогаш припаѓале на Кина, додека Коичиро наведе дека островите се јапонски и апелираше на воздржаност.

Островската група се наоѓа околу 200 километри пред брегот на Тајван и 400 километри оддалечена од Јапонија. Четири од петте острови досега беа во јапонска приватна сопственост, едниот припаѓа на градот Токио. Јапонската влада неодамна подржави три од островите, што го заостри од одамна тлеечкиот конфликт. Островите се интересни поради стратешката положба и можните резерви на гас и нафта.