1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тоталитарното минато ја прогонува Албанија

20 години по крајот на комунистичката диктатура Албанија се’ уште стои во сенката на минатото. Внатрешно-политичките кризи ја оптоваруваат кршливата демократија.

Малата земја на Јадранското Море како последна источноевропска земја зачекори на патот на демократијата. Кога не-комунистичката партија по слободните избори на 22 март 1992. година го презеде раководењето со државата, земјата стоеше пред економски крах: Тешки безредија, штрајкови со глад и масовен егзодус на населението го одбележаа почетокот на преодниот процес. Натамошниот развој на демократијата денес е силно попречен од поларизацијата на политичкиот корпус.

Albanien Geschichte Revolution Enver Hoxha Denkmal wird gestürzt in Tirana Flash-Galerie

Споменикот на долгогодишниот комунистички лидер на Албанија, Енвер Хоџа

Уште по првите слободни избори се проби ова црно- бело размислување. Еден политичар беше гледан или како демократ или како комунист. Меѓу новоформираната Демократска партија и социјалистичката партија односно реформираната комунистичка Работничка партија до денес владее огорчена борба за моќ.

Партиите како главни актери

Што се однесува до нивните политички програми, двете партии се разликуваат изненадувачки малку. Политичкиот дискурс и без тоа не го одбележуваат содржините, се жали албанскиот политиколог Ермал Хасимја: „Личните интереси се судираат меѓусебе. Но политичарите не се грижат за доброто на граѓаните, туку за нивните калкулации за политичка моќ. Тоа ја прави политичката борба безнадежна и бескомпромисна“.

Од 1992. година наваму во Албанија беа организирани пет парламентарни избори. Меѓутоа поразената партија ниту еден единствен пат не го призна изборниот резултат. Демократите и социјалистите со повеќемесечни бојкоти го блокираа парламентот. Дури и обидите за посредување од страна на западните претставници остануваа без резултат. Последицата гласи: Албанија постојано добива лоши оценки од Брисел.

Albanische Philosoph und Soziologe Prof. Artan Fuga

Албанскиот филозоф и социолог Артан Фуга

Од 2009. година наваму таму на масата лежи апликацијата за статус на кандидат за членство во Европската унија. Меѓутоа има уште многу пречки: „Нам ни недостасуваат независни институции, неутрален надзор на изборниот процес, кој ќе гарантира фер тек на изборите и коректни резултати“, критикува албанскиот филозоф, Артан Фуга, дополнувајќи: „И поради тоа што овие институции се’ уште се многу силно политизирани, изборните резултати постојано се доведуваат во прашање. Во овој сисем партиите ја играат главната улога а не граѓаните“, истакнува Фуга.

Кршлива демократија и авторитарност

Водечките албански политичари се и натаму многу силно определени од стариот систем. Ова важи како за премиерот Сали Бериша од Демократската партија така и за претседателот на опозициската Социјалистичка партија Еди Рама.

За Албанците е многу тешко да избираат, бидејќи нема вистинска алтернатива, смета германскиот историчар и познавач на Албанија, Улрих Лемперт. „Од 1990. година наваму речиси и да немаше промена на елитите во Албанија. Елитите кои сега ја водат политиката, во дел потекнуваат од истиот круг на личности, кои уште во комунизмот се вбројуваа во елитата“.

Albanien Wahlen Ministerpräsident Sali Berisha in Tirana

Албанскиот премиер Сали Бериша гласа на последните избори во Албанија

20 години по пресвртот и 100 години по основањето на државата, албанското општество се’ уште е на почеток на обработувањето на оптоварувачкото минато кое и натаму го прогонува. Модерна Албанија речиси и да не може да се надоврзе на една демократска традиција. По прогласувањето на независност од Османлиската империја следуваа меѓу другото авторитарни монархии и сталинистичка диктатура.

Од падот на комунизмот наваму многу работи се имаат подобрено, во тоа експертите се единствени. На пример демократските институции во основа не се доведуваат во прашање од страна на граѓаните и на политичките партии. Сепак тие не функционираат беспрекорно, туку се одбележани од полемика и персонализација. „Хибрид меѓу неправилна демократија и авторитарност“- вака имено беше оценета Албанија во новиот извештај на Economist Intelligence Unit индексот за демократија во земјите во светот.