1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Топ-моделот и диктаторот

Наоми Кемпбел пред судот во Ден Хаг потврди дека добила „скапоцен камен“, но истакна дека не знаела дали подарокот го добила од либерискиот претседател Чарлс Тејлор. Зошто нејзиниот исказ е толку значаен за процесот?

default

Свечен прием кај Нелсон Мендела во Јужноафриканската република во 1997 година. Меѓу гостите е и славната манекенка Наоми Кемпбел, на која наидува либерискиот претседател Чарлс Тејлор. Тој е толку воодушевен од нејзината убавина, што по големата прослава и` испраќа необработен дијамант во нејзината хотелска соба. Денеска Наоми повторно го сретна својот обожавател, само што тој овојпат седи на обвинителната клупа во Ден Хаг.

Ова е првпат поранешен африкански властодржец да се појави пред суд. Процесот што започна во 2008 година, меѓутоа, не секогаш се одвиваше без пречки. Најпрвин почна во Сиера Леоне, но мораше да биде преместен во Ден Хаг, поради лошата безбедносна состојба во африканската земја. Кога судењето беше подготвено да почне во 2007 година, Чарлс Тејлор одби да се појави и го смени својот адвокат. Прашање беше дали ќе се појават и сведоците на обвинителството. Дури во 2008 година беа исполнети сите услови за продолжување на процесот.

Најгламурозниот сведок

Diamantenwascher in Sierra Leone

Дијамантите предизвикаа крвава граѓанска војна во Сиера Леоне

Обвинителството има 91 сведок на својот список. Најгламурозниот од нив сведочеше денеска - Наоми Кемпбел. Ели Харовел од британската организација за човекови права „Глобал витенс“ објаснува зошто нејзиниот исказ е толку значаен:

„Се верува дека Чарлс Тејлор пред повеќе години и` подарил на Наоми ’крвав дијамант’, при нивната средба кај Нелсон Мандела. Ако успееме да го докажеме ова, тогаш ќе можеме да докажеме и дека Тејлор бил директно вмешан во нелегалната трговија со дијаманти, нешто што тој не признава.“

Наоми Кемпбел најпрвин не сакаше да биде вмешана во судскиот процес и долго време одбиваше да сведочи, од страв дека тоа би можело да го наруши нејзиниот углед и да му наштети на нејзиното семејство. Во април дури изјави дека не добила никаков дијамант, меѓутоа двајца други сведоци можат да потврдат дека таа навистина добила подарок: нејзината поранешна агентка, која наводно со свои очи го видела скапоцениот камен, како и актерката Миа Фароу, пред која Наоми за време на појадокот по прославата кај Мандела се пофалила дека добила необработен дијамант на подарок.

Изјавата на Кемпбел може да биде од големо значење за процесот, чија централна точка е да докаже дали Тејлор ја финансирал војната во Сиера Леоне со крвави дијаманти. Се очекува судот да ја донесе конечната одлука кон средината на следната година.

Автор: Ендрју Шејл / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска