1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Тополанек: изборите матурски испит

Чешкиот премиер и претседавач со ЕУ, Мирек Тополанек порача дека претстојните избори во Македонија се клучни за напредокот и евроинтеграцијата на земјата. Пречка останува и проблемот со името.

default

Чешкиот премиер Тополанек и македонскиот премиер Груевски во Скопје

Претстојните претседателски и локални избори се матурскиот испит што Република Македонија мора да го положи за да продолжи со процесот на евроинтеграции, изјави денеска во Скопје чешкиот премиер и претседавач со ЕУ, Мирек Тополанек.

„Мора да положите нешто како матурски испит, а тоа се изборите во март. Очекуваме дека тие ќе поминат без проблеми и дека граѓаните слободно ќе можат да ја изразат својата волја“, рече Тополанек по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски. Чешкиот премиер додаде дека потоа ќе остане само, како што рече, „тој несреќен спор со Грција кој ќе треба да се реши.“

Tschechischer Regierungschef Mirek Topolanek

Тополанек уште еднаш ја повтори поддршката за членството на Македонија во ЕУ. „Чешка е членка на ЕУ од 2004 година и само пет години потоа таа претседава со Унијата. Со проширувањето многу добија истарите и новите членки на Унијата. Тоа е како холивудска приказна и чуствуваме голема одговорност за оние кои остана надвор, за и тие да можат да го делат со нас истиот простор и истите предности рече Тополанек.

Визна либерализација во 2010?

Во однос на либерализацијата на визниот режим, Тополанек истакна дека Македонија ги исполни сите услови за тоа, и доколку се појават проблеми тие исклучиво ќе бидат од политичка природа. Тополанек очекува во соработка со идното шведско претседателство со Унијата овој процес да се заврши до почетокот на следната година.

Македонскиот премиер Груевски нагласи дека го информирал Тополанек за напредокот на Македонија во однос на сите забелешки содржани во минатогодишниот извештај на Европската комисија. Груевски очекува земјата годинава да добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Македонскиот премиер исто така очекува и до крајот на годинава земјата да добие укинување на визниот режим со ЕУ.