1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Топло-ладно во македонската економија

Ќе паѓа или ќе расте македонската економија во 2010? Бројките сите ги толкуваат во согласност со сопствените интереси. Аналитичарите предупредуваат дека извештаите треба да се читаат со доза на претпазливост.

default

Во каква кондиција е македонската економија? Оценката варира во зависност од позицијата од која се толкуваат расположливите бројки. Според Владата, рецесијата нема да се повтори, според опозицијата земјата е се‘ уште во криза. Дојче Веле побара одговор од економските аналитичари. Последниот објавен податок за пад на индустриското производство во првата половина од годинава за 5,3 проценти во однос на истиот период лани, науката го толкува на следниов начин:

„Имајќи ја предвид сегашната кондиција, контурите на макроекономската политика и брзината на закрепнување на економиајта, можен е раст на БДП до 1 процентен поен“, објаснува за Дојче Веле, Димитар Ефтимовски професор на Факултетот за администрација и менаџмент.

Државниот завод за статистика објави дека за 5,4 проценти пораснало индустриското производство во јуни годинава, во однос на истиот месец лани . Но, и покрај јунското опоравување на економијата, сепак во првите

Mazedonien Land und Leute Industrie Feni Nickelhersteller

Владата проектира раст од два процента, експертите во повеќе извештаи предвидоа раст на БДП од еден процент

шест месеци од годинава, споредени со првото полугодие лани, резултатите се негативни - индустријата на полугодишно ниво бележи пад од 5,3 проценти.

Прогнозите и покрај големиот број минусни параметри се оптимистички

Податоците за движењата во индустријата треба да се земаат со голема доза на претпазливост при обидот да предвиди вкупниот економски амбиент ,вели Ефтимовски. Индустријата во бруто домашниот производ учествува со 25 до 30 проценти.

„Како резултат на макроекономската политика во изминатиот перид македонската економија не забележа такви шокови“, вели Ефтимовски.

Првиот квартал од годинава заврши со пад на вкупната економија од 0,9 проценти. Како дел од описот на економскиот амбиент може да послужи и следниов податок обелоденет во шестмесечниот извештај за работата на Македонската берза. 54, 90 проценти изнесува падот во обемот на берзанското работење во периодот јануари-јуни годинава, во однос на истиот период лани.

До крајот на годината македонската економија ќе оствари раст. Владата проектира раст од два процента, експертите во повеќе извештаи предвидоа раст на БДП од еден процент.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска