1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Топлото лето ја поттикнува потрошувачката

Соодветно на годишното време, сонце го огреа германското стопанство, а се чини дека доброто расположение ги зафаќа и потрошувачите, како што покажува студијата спроведена од ГфК, Друштво за истражување на потрошувачката.

default

Доброто летно расположение во Германија го регистрира и трговијата на мало. Бизнисот оди добро - потврдува и индексот на потрошувачката клима; нема ни трага од воздржаност кај потрошувачката поради економската криза. Германците купуваат, поттикнати и од долгото топло лето. „Според искуството, тоа секогаш создава добро расположение и кај потрошувачите. Но, мора да има и соодветно добри рамковни услови, при што во прв ред треба да се наведе робустниот пазар на работна сила. Бројката на невработени натамошно опаѓа. Експерти дури очекуваат до крајот на годинава невработеноста да падне под три милиони“, образложува Ролф Биркл од институтот ГфК.

Купувачите се посебно заинтересирани за артикли од електроника, но се’ повеќе и други квалитетни производи, дури и ако се тие скапи.

Автор: Јирген Шнајдер/ Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска