1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Топлификација ги „замрзна“ скопјани

Поради дефект на топланата Исток, утрово поголем дел од Скопје остана без парно греење. Дефектот во меѓувреме е отстранет

default

Скопје

Делови од Скопје изутрината останаа без парно греење. Причина за прекинот во испораката е дефект што е отстранет околу девет часот и состојбата е нормализирана, информираат од АД „Топлификација“. Топланата била ставена во нормален погон во 8:50 часот. Дефектот, кој настанал во седум часот, се случил во топлана Исток која го снабдува делот од Скопје од Универзална сала кон Центар, Аеродром и Лисиче.

Извор: миа

Редактор: БГ