1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Топи: независност ќе биде конечниот статус на Косово

*

Независност ќе биде конечниот статус на Косово, тврди новоизбраниот албанскиот претседател Бамир Топи. Тој по денешната средба со косовскиот колега Фатмир Сејдиу во Тирана изјави дека „тоа ќе се случи многу брзо со поддршка на меѓународниот фактор“. Сејдиу повтори дека „ за независноста на Косово и зачувувањето на неговиот територијален интегритет нема преговори“. Следниот состанок на Контакт групата за Косово ќе се оддржи на 9 август во Лондон и на него ќе присуствуваат и претставници на „тројката“ САД, ЕУ и Русија.