1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Топење на мразот меѓу Кина и Индија

Неполни две недели по граничниот конфликт со Индија, кинескиот премиер Ли стигна во посета на Њу Делхи. Ова е негово прво патување во странство од стапувањето на должност пред два месеци.

„Овој факт знаеме да го цениме“, истакна портпаролот на индиското министерство за надворешни работи по повод премиерната посета на Ли. Во разговорите на кинескиот премиер Ли Кекианг (на фотографијата со индискиот министер Ахмад) со индискиот премиер Манмохан Синг ќе се најдат сите важни билатерални теми, па и спорот околу граничната област Кашмир во регионот на Хималаите.

Граничната линија во оваа област меѓу двете атомски сили Индија и Кина е спорна веќе до децении. Во 1962 година двете земји водеа дури и кратка војна, која заврши со пораз на Индија. Граничната линија оттогаш воопшто не е  утврдена. Постојат единствено два договори за зачувување на мирот кои ги потпишаа двете држави кои истовремено претендираат на спорната област.

Во април годинава војниците на Народна Република Кина според информациите на Индија ја преминале границата и поставиле логор во индиска територија. Кина ги негира онбинувањата за продор во територија на сосоедот. По речиси тринеделно одмерување на силите, на почетокот на мај двете земји се согласија да ги повлечат своите трупи од областа. Од индиското министерство за надворешни работи се дознава дека и натаму треба да владее „статус кво“.

На разговорите на Ли во индиската престолнина главна тема ќе бидат економските односи на двете најбројни по население држави во светот. Тие планираат меѓусебниот трговски волумен да го зголемат на 100 милијарди долари до 2015 година. Индија и Кина со години бележат силен економски развој. Нивната соработка се развива и преку членството во БРИК-клубот, каде припаѓаат уште и Бразил, Русија и Јужна Африка.

Од Кина Ли ќе отпатува во Пакистан, а следниот викенд во Германија.