1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Томатоленд во Македонија

Најновата безпочвена оранжерија на домати „Томатоленд“ кај Свети Николе, компјутеризирана според највисоки европски стандарди, во текот на годината непрекинато ќе прозведува здрава храна и ќе заштедува енергија.

Фирмата „Мам ДОО Свети Николе, во близина на ова населено место, гради целосно компјутеризирани оранжерии високи пет метри, каде ќе има непрекинато годишно прозводство. На површина од 2 хектари, која не може да се обработува, во оваа специфична оранжерија – стекленик „Томатоленд“, прва во висина од 5 метри во Македонија, очекуваме годишен принос од милион килограми домати, потенцира за Дојче веле Александар Стојков, земјоделски стручњак и косопственик на фирмата.

Стојков ни појаснува: „Доматите ќе се произведуваат со хидропонија - беспочвено, односно на камена волна. Производстсвото се карактеризира со тоа што е целосно компјутеризирано и автоматизирано со најсовремен компјутер ’Прива‘. Се работи за холандска технологија од добро познат партнер ’Кees Greeve‘, а во Македонија ја монтира фирмата ’Фитохемија’. Овој вид на оранжерија може да се подигне на земјиште кое практично е неупотребливо за друга намена, бидејќи се изолира земјата и се одгледува во камена волна“, потенцира Стојков.

Tomatoland sind Gewächshäuser in die Nahe von dem Stadt Sveti Nikole

Стаклениците од пет метри се највисоки во Македонија

Тој појаснува и дека опременоста на оранжеријата е на многу високо ниво - преку систем капка по капка, греење, потоа специјална термоенергетска завеса за заштеда на енергија преку зимата и за засенчување преку летото.

„Воедно има и систем за дозирање на CO2 во халата и сите тие системи се контролирани од еден централен компјутер со специјален софтвер за таа намена.Тој врз основа на надворешните климатски услови и на влезните параметри, коишто треба да бидат во оранжериите, прави комбинации од овие фактори, вклучува греење, наводнување, прихрана. Греењето на оранжериите ќе биде на природен гас - метан, за разлика од стандардните, кои беа на мазут и нафта. Енергетската ефикасност на оранжеријата е до 40 проценти и се постигнува преку инстаталирање на термоенергетска завеса, која автоматски се затвора и отвара, согласно параметрите на компјутерот, и навечер ја задржува топлината акумулирана преку ден“, објаснува Стојков.

Производство на здрава храна беа пестициди и хемикилии

Овој вид на производство, кој е застапен во светски рамки, е многу поздраво, бидејќи се изолира почвата, којашто е најголем извор на зарази, болести и штетници. Тоа значи, појаснува Стојков, дека „со само мала биолошка заштита, без да се користат никакви хемиски средства, како пестициди за заштита, доматите произведени на ваков начин ги исполнуваат сите најригорозни стандарди на ЕУ за квалитет. А, тоа значи, дека овие македонски домати од ноември годинава, кога ќе биде созреано првото производство од оранжериите на ’Томатоленд’, ќе можат слободно да се извезуваат на прибирливиот европски пазар“. Стојков воедно појаснува дека опрашувањето на доматите ќе се извршува природно со пчели, а ќе има и биолошка заштита од болести и штетници.

Tomatoland sind Gewächshäuser in die Nahe von dem Stadt Sveti Nikole. Die Bilder sind von Herr Aleksandar Stojkov gemacht. Er ist Mitinhaber der Firma MAM, die Gewächshäuser Tomatoland gebaut hat.

Со поставување на термоенергетска завеса ќе се заштедува енергија до 40 проценти

Обезбеден пласман на европските пазари

За разлика од стандардната оранжерија каде има просечен принос од 20 килограми, во „Томатоленд“ годишно ќе има помеѓу 40 и 50 килограми по метар квадратен.

Стојков потецира дека „дури 95 проценти од годишното производство е веќе договорено за извоз на познатите пазари на кои фирмата и досега извезува - во Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Словенија, Бугарија, Романија“, како и на некои нови пазари за неа, како што се Чешка, Белорусија, Австрија и мал дел во Германија. Планот е производите од „Томатоленд“ да освојат и нови пазари.