1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Толеранција и права на хартија, а во пракса - дискриминација!

Да се зголемат правата на малцинските групи и да се промовира заштитата на малцинствата во Македонија е целта на проектот „Живеење во мултиетничка средина“ што го спроведува Институтот Отворено општество - Македонија.

default

Ромите се најдискриминираното малцинство

На целата територија на Македонија постојат секојдневни случаи на прикриена и отворена дискриминација кон сите етникуми, кои живеат како немнозински дел на населението во регионите – овој заклучок произлегува од досегашното искуство на проектот под наслов „Живеење во мултиетничка средина – под исто сонце“. Тој од минатиот ноември го спроведува Институтот Отворено општество – Македонија во соработка со невладината организација „Заеднички вредности“.

Сунчица Костовска–Петровска, главниот проектен координатор од Институтот Отворено општество – Македонија вели дека и со завршувањето на проектот нема да се постигне долгорочната цел, а тоа е во Македонија да се живее во мултиетничка средина. „Ние сме тие, граѓаните и институциите на оваа земја, коишто треба да правиме постојани напори, за некој од нас да не се чувствува дека не припаѓа овде“.

Власите бараат во одделни места и нивниот јазик да биде административен

„Дојче веле“ регистрираше конкретни примери на дискриминација. Димо Димчев, претседателот на Унијата за култура на Власите во Македонија, вели дека четири–пет години по ред здруженијата на Власите од Струга, Кичево, Велес, Куманово, упорно инсистираа да им се овозможи на нивните деца да слушаат настава на влашки јазик. „Сакаме тие да се образуваат и да учат на влашки јазик, но не ни успеа“.

Tetovo Zentrum, Mazedonien

Тетово е мултиетнички град

Македонците во Тетово се соочуваат со други проблеми. Зоран Митревски, советник во Советот на општина Тетово, посочува: „Македонскиот етникум во Тетово бара да има повеќе раководни места во општината, повеќе вработувања во општинската администрација, кои сега, со спроведувањето на Рамковниот договор, ги има многу малку“.

„Се молат Ромите да не прават ’цигански работи’“

Според досегашните согледувања од праксата, генерално, најдискриминирани се Ромите. Споменатиот проект има за цел да ја зголеми јавната свест за правата на малцинските групи и да го промовира почитувањето и заштитата на малцинствата, согласно со меѓународните конвенции и со македонското национално законодавство. Но, еве како се креира таа јавна свест. Координаторот на проектот, Сунчица Костовска–Петровска, укажува дека е проблематично и етикетирањето од страна на медиумите.

Mazedonische Zeitungen am Kiosk in Skopje

И медиумите треба да придонесат кон намалување на стереотипите

Во напис во еден дневен весник на македонски јазик, се појави текст со наслов „Малолетник го уби Рамбо за кутија цигари – се молат Ромите да не прават ’цигански работи’“. Едноставно, ова предизвикува чувство на навреда кај една етничка заедница и тоа е дискриминацијата.

Да се надминат предрасудите и етничките стереотипи

Локалниот координатор за овој проект во Тетово, Анита Војноска–Наумоска, вели дека имало поединечни случаи во училиштата каде што учат Ромчиња да се забележува нагло отпишување на ученици–припадници на другите заедници. „Тука го гледам нашето дејствување како невладин сектор во насока на надминување на предрасудите и стереотипите. Всушност, за промена на свеста кај граѓаните, за похуман однос меѓу нас, без оглед на која етничка заедница припаѓаме“.

Како гледа на целите на оваа кампања и Зулбеар Зулбеари, советник во Советот на тетовската локална самоуправа? „Ние, Албанците, имаме повеќе барања, согласно со тоа колкава е нашата бројност како жители. Етникумите треба да имаат одредени права во зависност од тоа колкава е нивната бројност како популација“.

Активностите за реализирање на овој проект продолжуваат и во 2009 година.