1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Тирана ги осуди инцидентите при посетата на Груевски

Албанското МНР ги осуди инцидентите што се случија во Тирана за време на посетата на македонскиот премиер Никола Груевски, во врска со палењето на македонските знамиња и фрлањето со јајца врз автомобилот на премиерот.

default

Во соопштението на албанското министерство за надворешни работи се вели дека Албанија се дистаницира и ги осудува инцидентите кои не придонесуваат за климата во меѓусебните односи, но ниту, па,к за големата празнична атмосфера за одбележувањето на 100 години независност на албанската држава.

Во соопштението се додава дека албанското МНР дава уверување оти надлежните органи за обелоденување на инцидентите, а сторителите ќе бидат изведени пред законот.

„Албанското МНР како и во минатото ќе продолжи да поттикнува добри меѓуетнички односи и почит кон симболите историјата, јазикот и културата на сите држави од регионот во аспирациите кон Европа и интегрирање на целиот регион“, се наведува уште во писмената реакција.

Во саботата македонското министерство за надворешни работи упати остар протест до албанските колеги, поради инцидентите за време на посетата на премиерот Груевски на Тирана, особено за палењето на државните знамиња на Република Македонија и побара остра осуда на овие инциденти, а воедно во министерството беше повикан на разговор албанскиот амбасадор во Скопје.

Во саботата албанските медиуми јавија дека полицијата го уапсила лицето кое фрлило јајца врз автомобилот на македонскиот премиер Никола Груевски во петокот попладне во албанската престолнина Тирана.