Тинејџер планирал напад во Чикаго | Свет | DW | 16.09.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тинејџер планирал напад во Чикаго

Поради обид за бомбашки напад во бар во Чикаго, американската полиција уапси еден тинејџер. Бомбата која сакал да ја активира била неопасна, зашто ја добил од агенти на ФБИ кои му се претставиле како терористи.

default

Според известувањето на „Чикаго трибјун“, кој се повикува на извори од државното обвинителство, 18-годишниот Адел Дауд се обидел да активира автомобил бомба пред локал во центарот на градот. Експлозивот скриен во автомобил претходно му бил предаден од страна на агенти на ФБИ и бил целосно неопасен. Младиот муслиман кој сакал да стапи во Света војна, сега треба да одговара за обид за употреба на средства за масовно убивање и обид за уништување на зградата со експлозив.

Истрагата уште од пролетоска го имала на око тинејџерот, откако тој преку интернет собирал материјал за Џихад и убивање Американци и ги испраќал натаму. Агенти на ФБИ се претставиле како терористи и стапиле во контакт со него. Притоа младиот муслиман искажал подготвеност да изврши напад со што е можно повеќе цели. Откако 18-годишното момче во петокот вечерта се обидело да ја активира наводната бомба пред барот, било приведено од полицијата.